Изградба на ИКТ центар за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работење

Стандарден формат на публикација за локална објава на локална отворена тендерска постапка

Изградба на ИКТ центар за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работење

Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) во рамките на Министерството за финансии има намера да додели Договор за изведба на градежни работи за: изградба на нов објект за ИКТ центар за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работењето, вклучувајќи надворешни и внатрешни електро инсталации, внатрешни термо-технички инсталации, водовод, атмосферска и фекална канализациона мрежа со пречистителна станица за отпадни води, противпожарна заштита и систем за техничка безбедност на објектот; изградба на контролен пункт-портирница; изградба на заштитен ров околу објектот; изградба на пристапен пат (сообраќајница) до објектот од главниот пат со воспоставена хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација и изградба на ограда околу објектот. Договорот ќе биде имплементиран во согласност со PRAG правилата и процедури за имплементација на договори за градење, со финансиска поддршка од ИПА фондовите на Европската унија. Тендерската документација (без цртежите) е достапно на веб страната на EuropeAid: https://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/index.cfm?do=publi.welcome, и на веб-страницата на Секторот за централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии на http://cfcd.finance.gov.mk/english/Tenders.

Целокупното тендерско досие (со цртежи) достапно само во електронска форма – CD, може да се добие бесплатно од Министерството за финансии, Сектор за централно финансирање и склучување на договори (ЦФСД), ул. „Даме Груев“ бр. 12, 1000 Скопје. Таа може да се подигне на рака или да биде испратено преку експресна курирска служба (плаќање по прием) по претходно поднесување на писмено барање испратено преку факс или електронска пошта со наведување на бројот на тендерот и наслов, име на компанијата, адреса и контакт телефон/факс броеви и e-mail адреса. Договорниот орган не врши организација на испораката ниту врши плаќање за курирска служба. Договорниот орган не прифаќа било каква одговорност за задоцнета испорака на тендерската документација од страна на курирската служба.
Крајниот рок за поднесување на понудите е 2 Октомври 2017 година, пред 12:00 часот по локално време. Дополнителни информации или објаснувања/ прашања, ќе бидат објавени на веб страната на EuropeAid:
https://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/index.cfm?do=publi.welcome и на веб-страницата на Секторот за централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии http://cfcd.finance.gov.mk/english/Tenders.

Објава на локален тендер во службен весник