Склучени договори за проектите финансирани во рамки на Националната програма за помош при транзиција и градење на институциите (ТАИБ) за 2013 година

Крајниот рок за склучување на договорите за проектите финансирани во рамки на Националната програма за помош при транзиција и градење на институциите (ТАИБ) за 2013 година заврши на 19 декември 2017 година.

Во рамки на овој рок, Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД), како договорниот орган успеа да склучи 52 договори во рамки на оваа Национална програма, со вкупна вредност од 23.947.416 евра, од кои 21.540.107 евра се средства од ИПА. Меѓу овие 52 договори потпишани се 25 договори за грант во рамки на двата Повици за проектни предлози со невладините организации / непрофитни организации.

Стапката на склучување договори, односно соодносот помеѓу расположливите средства од ИПА и износот на средствата од ИПА во склучените договори е 93,56%.

Листата на потпишаните договори може да се најде на следниов линк.