Финален настан за затворање на Твининг Лајт Проектот „Зајакнување на капацитетите на националните структури за стабилно и ефикасно управување со фондовите на ЕУ, како и во поглед на новата регулатива за финансиската перспектива 2014-2020 година“

Официјалниот настан за затворање на Твининг Лајт Проектот „Зајакнување на капацитетите на националните структури за стабилно и ефикасно управување со фондовите на ЕУ, како и во поглед на новата регулатива за финансиската перспектива 2014-2020 година“ се одржа во петок, 10:00 часот на 28 април 2017 година во ЕУ Инфо Центарот при Делегацијата на Европската Унија, лоциран на Булевар „Св. Кирил и Методиј“ број 52б, 1000 Скопје.

На настанот се обратија г-дин Никола Бертолини, раководител на Секторот за соработка при Делегацијата на Европската Унија; г-ѓа Аушра Балиукониене, лидер на проектот од земја членка; г-дин Фатмир Адеми, лидер на проектот од земја корисник; г-ѓа Радица Коцева, раководител на Сектор за централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии.

Г-ѓа Аушра Балиукониене, Проект лидер од земја членка и директор на Секторот за Национален фонд при Министерството за финансии на Република Литванија ги презентира успешно постигнатите резултати.

Општа цел на проектот беше да се зголеми знаењето, ефективноста и влијанието на националната администрација вклучена во децентрализираното/индиректното управување со фондовите на Европската Унија како и да се зголеми ефективноста низ имплементација вклучувајќи брз одговор на пројавените приоритети.

Проектната цел беше успешно исполнета преку комплетирање на сет од 5 главни видови на активности (ревизија/подготовка на правни документи, документи за процедури/методолошки прирачници, тренинзи и работилници, соработка и комуникација) од страна на 29 посветени мисии на експерти од Република Литванија во времетраење од вкупно 243 работни денови.

Г-ѓа Балиукониене истакна дека експертите од земјата членка, Република Литванија го пренесоа своето искуство обезбедувајќи важни препораки за правни, финансиски, стратегиски и технички аспекти кои сигурно ќе допринесат кон зајакнување на ефикасноста и функционирањето во делот на управувањето на националните структури со Европските фондови.

Г-дин Фатмир Адеми, раководител на Сектор за управување со средствата од инструментот за прет-пристапна помош од ЕУ-ИПА при Министерството за финансии во својство на проект лидер од Република Македонија ја изрази својата благодарност кон Министерство за финансии на Република Литванија, Централната агенција за раководење со проекти и Националната платежна агенција во рамки на Министерството за земјоделство на Република Литванија за одличната соработка во минатите 8 (осум) месеци која резултира со видливи резултати. Повеќе од очекувано е дека ова искуство ќе им овозможи на националните институции да ги зајакнат своите капацитети кои ќе допринесат за поголема ефикасност во нивната дневна работа со Европските фондови.

Г-ѓа Радица Коцева, раководител на Сектор за централно финансирање и склучување на договори истакна дека како еден од крајните корисници очекува непосреден импакт од успешно создадените резултати остварени во духот на взаемната соработка помеѓу колегите од земјата корисник и земјата членка. Г-ѓа Коцева го заврши своето обраќање со изразување на благодарност кон сите вклучени страни чии неуморни напори резултираа во успешно финализиран проект.

Проектот вреден 250.000 евра беше имплементиран во период од 8 (осум) месеци. Истиот е финансиран во рамки на Национална Програма 2012, ИПА Компонента I и беше имплементиран од страна на Министерството за финансии на Република Македонија, Министерството за финансии на Република Литванија, Централната агенција за раководење со проекти и Националната платежна агенција во рамки на Министерството за земјоделство на Република Литванија.

Брошура