Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правниот сектор

Реф.бр. EuropeAid/159-467/ID/ACT/MK

Секторот за централно финансирање и склучување на договори во рамки на Министерството за финансии со седиште на ул. Даме Груев бр.12, 1000 Скопје, објавува повик за доставување на проектни предлози во следниве области:

  • Поддршка на граѓанскиот сектор за оценување на перформансот на правосудниот сектор во соработка со засегнатите страни од јавниот сектор
  • Обезбедување на правна помош за граѓаните
  • Подобрување на партнерството помеѓу затворите, пробациската служба и организациите од граѓанскиот сектор со цел промовирање на рехабилитацијата и социјалната вклученост опфаќајќи го едукацијата, работата и други наменски активности

Целосните Упатства за Апликанти се достапни за консултација на следниов линк: https://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/index.cfm?do=publi.welcome како и на веб страната на ЦФЦД http://cfcd.finance.gov.mk/.

Крајниот рок за доставување на Проектните резимеа е 23 април 2018 година, 16:30 по локално време, како што е потврдено од потпишаната и датата потврда.

Информативна сесија на овој повик за предлози ќе се одржи на 20 март 2018 година во 10:00 по локално време во ЕУ Инфо Центарот, Св. Кирил и Методиј 52б, 1000 Скопје