Твининг

Твининг претставува иницијатива на Европската комисија креирана во 1998 година во контекст на подготовка за проширување на Европската унија со земјите на Централна Европа. Твининг е инструмент насочен кон јасно дефинирана административна соработка за поддршка на земјите-кандидатки при зајакнување на нивните административни капацитети за спроведување на европското правото како на идни земји-членки на Европската унија. Твининг инструментот има за цел да им помогне и да ги поддржи земјите кориснички да развијат современа и ефективна администрација, и тоа во поглед на структура, човечки ресурси и начин на управување, потребни за спроведување на „acquis communautaire”. Твинингот обезбедува рамка во која државните служби во земјите-кориснички можат да соработуваат со нивните партнери од земјите-членки на ЕУ. Главната карактеристика на еден Твининг проект е да даде конкретни и гарантирани резултати, а не да поттикне општа соработка. Двете страни претходно се договараат за детален работен план за постигнување на цел од некоја од приоритетните области од  „acquis communautaire” наведени во Пристапното партнерство. Суштината на твининг проектите се состои во ангажирање на постојани експерти од земјата-членка, практичари во спроведувањето на “acquis communautaire” во новите земји-членки, земјите-пристапнички, земјите-кандитатки и потенцијалните земји-кандидатки на ЕУ. Секој твининг проект има најмалку еден Постојан твининг советник (Resident Twinning Adviser) и Проектен лидер. Постојаниот твининг советник се ангажира од администрација на земја-членка или од друго одобрено тело во земјата-членка, за период од најмалку 12 месеци во соодветното министерство во земјата-партнер со цел имплементање на проектот. Проектниот лидер е одговорен за целокупниот тек и координација на проектот. Проектниот лидер и Постојаниот твининг советник се поддржани од навремени и темелно испланирани мисии на други експерти, обуки, настани за подигање на свеста, итн., кои го следат процесот на реформа согласно зададените цели. Од друга страна, „брзиот твининг“ (Twinning Light) обезбедува јасно дефинирана експертиза од јавниот сектор во рамките на земјата-членка на ЕУ, генерално вклучувајќи кратко-рочна и средно-рочна експертиза од страна на државни службеници, и/или, поретко од страна на државни службеници кои остануваат подолг период. Со оглед на ограничениот опсег и времетраење, ‘брзите твининг’ проекти не градат долго-рочни структурни врски помеѓу јавните администрации, што всушност претставува една од главните цели на стандардниот твининг. „Брзиот твининг“ чини најмногу 250.000 евра и трае најдолго шест месеци („период на спроведување“). Во исклучителни случаи може да трае и до осум месеци. Ова времетраење е дополнето со уште 3 месеци “период на извршување” за спроведување на почетните проектни активности и известувањето во врска со проектот. И покрај горенаведените специфики, постојат неколку главни разлики помеѓу стандардниот твининг и „брзиот твининг“. Имено во случај на „брз твининг“ :

  • отсуствува Постојан твининг советник.
  • отсуствува заеднички изготвен работен план. Ова овозможува проектот да се одобри во краток интервал. Но, проектното фише мора многу детално да ја отслика бараната експертиза и соработка. Остварувањето на поставените цели и задолжителни резултати е од суштинско значење. Оттука, отсуствуваат подготвителните трошоци;
  • не се дозволени конзорциуми на партнери од земји-членки на ЕУ.
  • не е дозволено купување на опрема или склучување на договори за услуги во сприватниот сектор освен за превод и толкувавање.

Сите овие специфики укажуваат дека ‘брзиот твининг’ проект мора да обезбеди брзо и навремено ангажирање на соодветна експертиза од јавниот сектор. Важно е да се напомене дека повиците за поднесување на понуди за твининг проекти не се објавуваат на страната на Секторот за централно финансирање и склучување договори (CFCD) ниту на страната на EuropeAid, туку истите ги циркулира Делегацијата на Европска Унија во земјата до Националните твининг контакт лица на земјите членки на ЕУ.

Упатство за твининг и други битни документи:

Logo_TW

Твининг мрежа:

Национално контакт лице за Твининг во Република Македонија:

Твининг проекти во ДИС во Република Македонија:

За најнови вести во однос на:

  • претстојните рокови за циркулираните твининг фишеа;
  • резултати за циркулираните твининг фишеа;
  • твининг вести;
  • листа на Тела со твининг мандат;
  • итн.

посетете ја официјалната веб-страна на Европската комисија посветена на твининг: http://ec.europa.eu/enlargement/tenders/twinning/index_en.htm

Твининг семинар (26 – 28 октомври 2010 година)

Во рамките на брзиот твининг проект од ТАИБ 2007 “Зајакнување на капацитетите за управување со ЕУ средства и ИПА во Секторот за централно финансирање и склучување договори и Националниот фонд”, предводен од Литванија, се одржа тридневен твининг семинар посветен на теоретски предавања и практични вежби за вработените на ЦФЦД и НАО/НФ од Министерството за финансии како корисници на проектот и СПО/ИПА Координаторите од линиските министерства.

Агенда:

Презентации:

Фото галерија: