Системот за децентрализирано управување со средствата во Република Македонија

Владата на Република Македонија го воспостави системот за децентрализирано управување (ДИС) за имплементација на првите четири ИПА компоненти во согласност со акредитациските критериуми утврдени во Анексот на Регулативата на Европската комисија (ЕК) бр.718/2007 (ИПА Регулативата за имплементација), со цел:

  • Да се управува со средствата на ефективен, економичен и ефикасен начин;
  • Телата од Оперативните структури за првите четири ИПА компоненти да ја вршат својата работа во согласност со законите и другите релевантни правни акти;
  • Превентивно да се делува против неправилностите и измамите кои би можеле да се појават во донесувањето на финансиски одлуки, односно вршењето на финансиски трансакции;
  • Да се обезбеди редовно, навремено и веродостојно известување и прибирање на информации со цел носење на одлуки и вршење на контрола.

Сите тела и надлежни органи кои се неопходни за функционирање на системот за децентрализирано управување со ИПА средствата во Република Македонија се официјално именувани. На овие тела и надлежни органи им се определени надлежностите преку потпишување на договори, кои во целост ги утврдуваат нивните улоги и обврски во управувањето, имплементацијата и контролата на средствата од ИПА помошта во рамки на системот за децентрализирано управување.