Компонента I: Помош при транзиција и градење на институциите (ТАИБ)

Во согласност со член 64 од Регулативата за спроведување на ИПА (ЕК) бр.718/2007, помошта во рамките на ИПА Компонентата – Помош при транзиција и градење на институциите е доделена во следниве области:

  • зајакнување на демократските институции и владеење на правото;
  • унапредување и заштита на основните права и слободи
  • freedoms;
  • реформа на јавната администрација;
  • реформи во областа на правдата и внатрешните работи;
  • модернизација на правната рамка, вклучувајќи поддршка за инвестирање во опремувањето на клучните институции чија инфраструктура или капацитет за следење и примена на законодавството има потреба од зајакнување;
  • воспоставување или зајакнување на финансиските системи за контрола;
  • јакнење на пазарната економија;
  • развој на граѓанското општество;
  • воспоставување на социјален дијалог како клучен елемент на доброто владеење и промовирање на фер и праведни работни услови;
  • промоција на интеграцијата на малцинствата, мерки за градење на довербата на сите нивоа во општеството;
  • политика за животната средина;
  • подобрување на пристапот до финансиски олеснувања за мали и средни претпријатија и јавни администрации;
  • институционална надградба на полето на нуклеарната сигурност, управување со радиоактивен отпад и заштита од радијација;
  • поддршка за учество во програмите на Заедницата.

Помошта е достапна на институциите на централно, регионално и локално ниво, но истовремено ќе дава поддршка на организациите кои имаат важна улога во подготовката на Република Македонија за пристапување кон ЕУ и спроведување на правото на Европската Унија аcquis communautaire.

Помошта во рамките на ИПА Компонента I – ТАИБ може да биде доделена преку:

  • инструменти за административна соработка (twinning, twinning light и TAIEX);
  • техничка помош;
  • инвестиции во регулаторната инфраструктура;
  • грантови шеми;
  • тело за подготовка на проекти;
  • овозможување на пристап до финансиски олеснувања во соработка со финансиските инструменти;
  • буџетска поддршка.

за повеќе информации погледнете на:
http://www.delmkd.ec.europa.eu/en/bilateral-relations/eu-assistance/IPA-components.htm

http://ec.europa.eu/enlargement/candidate-countries/the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/financial_en.htm?id=keydoc#library

Оперативна структура за ИПА Компонентата I – Помош при транзиција и градење на институциите (ТАИБ) во Република Македонија

Оперативна структура за ИПА Компонента I во Република Македонијае основана како збир на тела одговорни за управување и спроведување на ТАИБ Националните програми во согласност со принципот на стабилно финансиско управување, како и  точка 6 од Анекс А од Рамковната спогодба и член 28 од Регулативата за спроведување на ИПА (ИПА ИР).

Согласно со член 12 од Владината Уредба за утврдување на меѓусебните односи на органите и структурите на децентрализирано управување со првите четири компоненти од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската Унија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 132/2008), листата на телата кои се дел од Оперативната структура за ИПА Компонента I е составена од:

  • Сектор за централно финансирање и склучување на договри (ЦФЦД) во рамките на Министерството за финансии, претставувано од Програмскиот службеник за авторизација/ Раководител на оперативна структура (ПАО/ХОС);
  • Релевантните сектори/ одделенија/ работни групи во рамките на ресорните министерства/ институции кориснички кои се корисници на проектите финансирани со ТАИБ Компонентата;
  • Канцеларија за поддршка на НИПАК – Секретаријат за европски прашања;
  • Одделенијата за внатрешна ревизија во релевантните ресорни министерства/ институции кориснички.

Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД)претставува главно тело во рамките на Оперативната структура за ТАИБ, раководено од Програмскиот службеник за авторизација (ПАО), единствено одговорен за спроведување на тендерските постапки, склучување на договори и извршување на плаќања на изведувачите на работа/ корисници на грант, како и водење на сметководство за проектите финансирани од ИПА. ЦФЦД е исто така одговорен за следење на спроведувањето на договорите, додека ПАО е одговорен за целосното функционирање на Оперативната структура за ТАИБ.

Задачите на оперативната структура кои се однесуваат на програмирање, техничко спроведување и следење на проектите финансирани од ИПА се делегирани на ресорните министерства и/или институции кориснички, претставувани од Виши програмски службеници (СПО).

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) како канцеларија за подршка на НИПАКе одговорен за програмирање и следење и евалуација на ТАИБ Националните програми согласно член 75(1) од Регулативата за спроведување на ИПА. Исто така, СЕП има улога на секретаријат на ТАИБ Комитетот за следење и ИПА Комитетот за следење

See the IPA Operating Structure Chart – I -TAIB

ИПА Компонента I – Помош во период на транзиција и градење на институции

Commission Decision C/2007/3281 of 10 July 2007 establishing a National Programme part 1 for the Republic of Macedonia under the IPA Transition Assistance and Institution Building Component in 2007

Commission Decision C(2007)5497 of 16 November 2007 adopting a National Programme part 2 for the Republic of Macedonia under the IPA Transition Assistance and Institution Building Component for 2007

Financing Agreement between the Government of the Republic of Macedonia and the Commission of the European Communities concerning the National Programme for 2007 under the Instrument for Pre-Accession Assistance (Transition Assistance and Institution Building Component, part 1), October 2007

COMMISSION DECISION of Adopting a National programme for the Republic of Macedonia under the IPA -Transition Assistance and Institution Building Component for the year 2008

Financing Agreement between the Government of the Republic of Macedonia and the Commission of the European Communities concerning the National Programme for 2007 under the Instrument foe Pre-Accession Assistance (Transition Assistance and Institution Building Component, part 2), April 2008

FINANCING AGREEMENT BETWEEN THE GOVERNMENT OF THE REPUBLIC OF MACEDONIA AND THE COMMISSION OF THE EUROPEAN COMMUNITIES CONCERNING THE NATIONAL PROGRAMME FOR 2008 UNDER THE INSTRUMENT FOR PRE-ACCESSION ASSISTANCE (TRANSITION ASSISTANCE AND INSTITUTION BUILDING COMPONENT) December 2008

National Programme for the Republic of Macedonia under the IPA Transition Assistance and Institution Building Component for 2008