Организациска Структура

ЦФЦД е основан во Јуни 2007 година, како сектор во рамките на Министерството за финансии и тело надлежно за склучување на договори во рамките на системот за децентрализирано спроведување на проектите финансирани од ИПА Компоненти I-IV.

ЦФЦД во својата организациската структура вклучува четири одделенија, кои извршуваат различни функции во процесот на спроведување на ИПА, со цел на крајот да се овозможи поделба на надлежностите и избегнување на конфликт на интереси. Одделенијата во ЦФЦД се следниве:

Одделението за општи работи и контрола ги извршува следниве функции:

  • Контрола на квалитет,
  • Управување со човечки ресурси,
  • Управување со неправилности,
  • Управување со ризик,
  • Поддршка на ХОС во вршење на надзор на работењето на Оперативната структура како целина,
  • Сметководство и
  • Административна поддршка на ЦФЦД.

Одделението за финансиски работи обезбедува стабилно финансиско управување преку:

  • подготвување на финансиски податоци и финансиски извештаи и нивно доставување до Националниот координатор за авторизација (НАО),
  • доставување на барањата за плаќања до Националниот Фонд (НФ),
  • извршува плаќања по доставени фактури од страна на изведувачите/ корисниците на грантови,
  • врши проверка на подобноста на трошоците, пријавени од страна на изведувачите/ корисниците на грантови во доставени фактури/ барања за плаќања и проверка и
  • доставување на целосни податоци до НАО/НФ во врска со средствата за кофинасирање на проектите финансирани преку ИПА во текот на изготвување на буџетот.

Одделението за ЕУ јавни набавки и склучување договори е одговорно да ги спроведува соодветните постапки за набавка и за склучување на договори во согласност со административните, процедуралните и правни барања наведени во Прирачникот на склучување договори за активности со трети земји на Европската комисија (PRAG). Одеделението врши:

  • подготвување и административна контрола на тендерска документација,
  • организирање на постапки за оценка на понуди,
  • подготвување на претквалификација/ извештаи од евалуација,
  • подготвување на договори кои треба да се потпишат од потенцијалните изведувачи/ корисници на грантови,
  • подготвување на модификации/ дополнувања на договори и носење на одлуки по примени жалби (во случај доколку ги има).

Одделението за следење на програми го надгледува процесот на имплементацијата на проекти во согласност со потпишаните договори, преку:

  • надгледување на напредокот во спроведувањето на договорите;
  • следење дали реализацијата на договорите е во согласност со одредбите во договорот;
  • врши проверки на самото место на спроведување на договорите;
  • подготвува месечни извештаи за напредок и годишни извештаи за спроведувањето;
  • врши функција на Секретаријат на Секторскиот комитет за следење на ИПА Компонентите III и IV.

Погледни ја организацската поставеност на ЦФСД