Надлежности

Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) како дел од Оперативните структури за децентрализирано управување со средствата обезбедени преку ИПА Компонентите I – IV е надлежно да ги спроведува своите активности во согласност со следниве правни акти:

  • Регулативата за спроведување на ИПА (ЕК) 718/2007,
  • Рамковната спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Комисијата на Европската заедница за правилата за соработка во врска со финансиската помош од ЕУ во Република Македонија во рамките на спроведување на помошта според ИПА и
  • Уредба за утврдување на меѓусебните односи на органите и структурите на  децентрализирано управување со првите четири компоненти од Инструментот за прет-пристапна помош (ИПА) на Европската Унија.

Во согласност со овие правни акти ЦФЦД е централно тело за склучување на договори за ИПА Компонентите I – IV и е одговорно за спроведување на тендерирските постапки, склучување на договори и исплата на проекти финансирани од ЕУ преку децентрализираниот систем за управување во Република Македонија.

ЦФЦД е носител на следниве надлежности (списокот не е исцрпен):

  • спроведување на тендерски постапки,
  • склучување на договори,
  • управување со договорите,
  • следење (мониторинг),
  • управување со банкарските сметки на ЦФЦД,
  • плаќања,
  • сметководство,
  • подготвување на извештаи,
  • управување со човечки ресурси во ЦФЦД,
  • управување со нерегуларности,
  • управување со ризици,
  • контрола на квалитет,
  • надгледување на СПО/ИПА координаторите во линиските министерства/ институции – кориснички,
  • почитување на правилата за јавност и транспарентност.

Раководителот на ЦФЦД е истовремено и Програмски службеник за авторизација (ПАО) за ИПА Компонента I и II, односно Раководител на оперативната структура (ХОС) за ИПА Компонента III и IV. ПАО/ХОС е одговорен за спроведување на проектите финансирани преку ИПА Компонентите I – IV, меѓутоа дел од задачите поврзани со техничката реализација и надгледувањето на спроведувањето на договорите се пренесени на надлежните министерства/ институции – кориснички. Пренесувањето на задачите е регулирано со Оперативни договори потпишани помеѓу ПАО/ ХОС и СПО/ ИПА Координаторите.

Погледнете ја табелата за Системот за имплементација на ИПА

Доверливост и непристрасност

И покрај тоа што работењето на ЦФЦД е во согласност со почитувањето на правилата на ЕК за транспарентност, публицитет и видливост, истите во одреден дел се од доверлива природа и за нив не смее да се разговара со трета страна, ниту за време на тендерирање, ниту за време на склучување на договорот, ниту потоа.