ИПА 2014-2020 (ИПА II)

Инструментот за претпристапна помош (ИПА), како поддршка на Европската унија продолжи да функционира во периодот од2014-2020 година, преку новиот Инструмент пошироко познат како ИПА II.

Процесот за поставување на структурата и на принципите ИПА II беше започнат во декември 2010 година. Врз основа на консултациите, научените лекции и стекнатото искуство од тековната ИПА, беа подготвени основните документи и беа утврдени општите принципи за натамошното користење на ИПА II.
Компонентите што беа карактеристика за ИПА Iсе заменија со „области на дејствување“ и со секторски пристап во управување со помошта. ИПА II е ориентирана кон резултати. Карактеристика на новиот инструмент на претпристапната помош е долгорочното влијание на помошта, подобрување на ситуацијата во земјите-корисници и помогање во процесот на пристапување.

Со цел соодветно да се спроведе помошта на Европската Комисија преку инструментот ИПА II, Република Македонија ги воспостави потребните структури и ги назначи клучните органи потребни за спроведување на Системот за индиректно управување (СИМ).

Во согласност со Рамковниот договор, оперативната структура се воспостави во рамките на администрацијата, корисници на помошта ИПА II.

Оперативната структура е тело или збир на тела во администрацијата на Република Македонија. Оперативната структура е одговорна за управување, подготовка и спроведување на помошта од ИПА II, во согласност со принципот на сигурно финансиско управување.

Оперативните структури се составени од институција или група на институции кои ги извршуваат функциите и ги преземаат одговорностите утврдени во Рамковниот договор и Секторскиот договор.

Оперативната структура на ИПА II е составена од:

- Секторот за централно финансирање и склучување договори, во рамки на Министерството за финансии, како Договорен орган и

- Структурата на ИПА во рамките на корисничките институции на ИПА II, за која се одлучи да биде дел од оперативната структура за ИПА II.

Поделбата на улогите и должностите помеѓу структурите што ја сочинуваат оперативната структура за ИПА II и нивните меѓусебни односи се одредуваат со Оперативните договори.

Оперативната структура треба да обезбеди сигурно финансиско управување и имплементација на проекти финансирани од ЕУ во согласност со СИМ, притоа почитувајќи ги принципите на помошта, согласно точка 4 од Анекс А од Рамковната спогодба и член 10 од Регулативата за спроведување на ИПА II.

Оперативната структура претставува збир на тела, составени од ЦФЦД и институциите корисници на помошта во рамките на ИПА II програмата.

Согласно член 23 и член 24 од Рамковната спогодба ОС е одговорна за подготовка, имплементација, информација и видливост, следење и известување за програмите и нивна евалуација секогаш кога тоа е релевантно, а во согласност со принципот на сигурно финансиско управување. ОС е одговорна за обезбедување на законитоста и правилното трошење направен при спроведувањето на програмите кои се под нејзина надлежност на спроведување.

Рамковна спогодба за ИПА II службен весник 99 – 2015

Уредба за ИПА II