Мисија

Главната цел на ЦФЦД е да се обезбеди соодветна, ефективна и ефикасна имплементација на проекти финансирани од ИПА, истовремено почитувајќи ги принципите на стабилно финансиско управување и соодветни контроли. Ефикасното користење на ЕУ предпристапната помош на Република Македонија ќе и овозможи на земјата поддршка при нејзиното исполнување на критериумите за пристапување на патот кон полноправно членство во ЕУ.

ЦФЦД се обврзува да работи почитувајќи принципи базирани врз основните вредности на чесност, интегритет, почит кон луѓето, доверба, отвореност, тимска работа и професионалност. ЦФЦД ги организира сопствените активности во согласност со принципите на современото управување преку воспоставување на ефикасен систем на контроли во организацијата, неопходни заради важноста, големината и комплексноста на ЕУ програмите кои ги имплементира во рамките на својата надлежност.

ЦФЦД успешно ја постигнува главната цел на својата работа преку следните активности:

  • Раководството и вработените се стремат кон највисоките стандарди на квалитет во сите активности кои тие ги раководат или вршат;
  • Соодветен број на квалификуван кадар работи на сите нивоа;
  • Највисокото раководство обезбедува дека воспоставената етика и култура се подразбира низ целата организација преку јасно донесување на одлуки;
  • Надлежност на вработените – раководството и вработените ги дефинираат  знаењата и вештините кои се потребни за секоја позиција, и ги ревидираат потребите за обука во рамките на годишната проценка на вработените, осигурувајќи се дека идентификуваните потреби за обука ќе се исполнат во најбрз рок со цел да бидат од корист на вработените;
  • Чувствителните функции потенцијално отворени за несоодветно влијание што би можело да биде на штета на финансиските интереси на ЕУ или на националниот буџет се идентификуваат и врз нив се спроведува зајакната контрола и надзор се превземаат;
  • Делегација – одговорностите и овластувањата се јасно дефинирани, доделени и се доставуваат во писмена форма и делегацијата е соодветна на важноста на одлуките кои треба да се превземат како и ризиците кои ги превземаат, и никој од вработените не се сомнева во своите одговорности;
  • Усвоени се соодветни процедури со цел да се обезбеди континуитетот на работењето во секој момент;
  • Се применува евидентирање и корекција на слабостите на внатрешните контроли.