Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) е сектор во рамките на Министерството за финансии на Република Македонија, кој е надлежен за стабилно финансиско управување на проекти кои се финансираат од страна на следниве ИПА компоненти:
- ИПА Компонента I – Помош во период на транзиција и градење на институции
- ИПА Компонента III – Регионален развој
- ИПА Компонента IV – Развој на човечки ресурси
ЦФЦД претставува Водечко тело во рамките на Оперативните структури за ИПА Компонентите I, III и IV, како и надлежен орган кои ќе врши склучување на договори, и кој е единствено одговорен за спроведување на тендерирските постапки и плаќања поврзани со проекти финансирани од ЕУ.
Раководителот на ЦФЦД во исто време е назначен и за Програмски службеник за авторизација (ПАО) за ИПА Компонента I, како и Раководител на оперативна структура (ХОС) за ИПА Компонента III и IV.
Задачите кои се однесуваат на програмирање, техничка имплементација и следење на реализацијата на договорите се делегирани на надлежните линиски министерства/ институции – кориснички, со Оперативен договор потпишан од страна на ПАО/ХОС и Вишите програмски службеници СПО/ ИПА координатори.
ЦФЦД ја надгледува реализацијата на проектите, а ПАО/ХОС ја задржува целосната одговорност за реализација на истите и обезбедува ефективно надгледување за соодветна реализација на задачите делегирани од страна на СПО/ ИПА координаторите.