Промотивна кампања „ЕУ за тебе“ во областите вработување, образование и социјална инклузија

SAS49619

На 21.11.2017 година, започна промотивната кампања „ЕУ за тебе“ во областите вработување, образование и социјална инклузија и презентација на завршните активностите во областа вработување од Повеќегодишната оперативна програма за развој на човечките ресурси 2007-2013, финансиски поддржана од Европската унија.

Во рамките на настанот се промовираа спроведените активности и постигнатите резултати од Третиот директен грант „Поддршка на вработувањето на младите луѓе“, имплементиран од страна на Агенцијата за вработување и финансиски поддржан преку ИПА компонента 4. Настанот беше можност да се споделат искуства од проектите поддржани преку ЕУ во областа вработување и пазар на труд, кои се основа за идните активности во насока на намалување на невработеноста и унапредување на состојбите на пазарот на труд.