Рехабилитација и надградба на железничка станица Скопје во согласност со најдобрите европски практики

Zeleznicka stanica

Групата проекти во рамките на операцијата “Рехабилитација и надградба на железничка станица Скопје во согласност со најдобрите европски практики” се финансирани преку ИПА Компонента 3 – Регионален развој.

Крајната цел на операцијата е да се рехабилитира и надгради патничката околина на Железничката Станица Скопје во согласност со најдобрите европски практики, вклучувајќи и подобрување на достапните услуги до патниците, патниците со инвалидитет, патниците со намалена мобилност и патниците со посебни потреби. Операцијата, исто така ќе придонесе за подобрување на безбедноста и сигурноста, како и модернизација на сигнализацијата и патничкиот информативен систем.

Пакетот проекти од еден договор за рамковни услуги, два договори за набавка и еден договор за градежни работи изнесува 2.141.075,00 евра.

Погоре наведените проекти се имплементирани од: Конзорциумот “ИНКОМ Инженеринг дооел – БОНОР Инженеринг дооел – ГЛОБОЧКИ дооел” кои го изведуваат договорот за градежни работи; “ARS Progetti S.P.A.” – договор за рамковни услуги; “КЕРНЕЛ Македонија ДОО експорт – импорт Скопје во конзорциум со ВИСТА ГРУП ДООЕЛ” го изведуваат договорот за набавки. Последниот договор за набавка е во фаза на тендерирање.

Корисници на проектот се ПЕ Македонски железници – Инфраструктура и Министерство за транспорт и врски.