Повик за eксперти

Британски cовет е партнер во спроведувањето на проектот “Јакнење на доживотното учење преку модернизација на стручното образование и обука, и системите за образование на возрасни”. Општата цел на проектот е да придонесе за сеопфатен и интегриран систем за доживотно учење, со фокус на стручното образование и обука и на образованието на возрасните, преку воспоставување на динамичка корелација меѓу образованието и промените како во општествената сфера така и на пазарот на труд.

Британски совет има потреба од следнава експертиза:

  •     Експерт во областа на ИТ,
  •     Експерт во областа на маркетинг и односи со јавност,
  •     Експерт во областа на човечки ресурси,
  •     Експерт во областа на образование,
  •     Експерт во областа на образование за посебни програми
  •     Експерт во областа на истражување на пазарот и анализи,
  •     Експерт во областа на образование на возрасни,
  •     Експерт во областа на стручно образование и обука,
  •     Експерт во областа на развој на квалификации (согласно МРК и ЕРК),
  •     Експерт во областа на доживотно учење,
  •     Експерт во областа на практична обука за стручно образование и обука,
  •     Експерт во областа на развивање на центри за кариера за стручно образование и обука,
  •     Експерт во областа на изготвување технички спецификации и тендерски документи за тендери на ЕУ за набавка.

Експертите ќе бидат ангажирани за повремени периоди до 30 дена, во периодот април 2016 до септември 2017, во Скопје, Република Македонија. Работните спецификации за горенаведените експертски звања, може да се добијат на барање. Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка биографија во формат на ЕУ (не повеќе од три страници) до: sami.bushi@britishcouncil.org.mk не подоцна од 31 март 2016. Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

Дознајте повеќе за проектот