Јавен повик за изразување интерес за обука на помирувачи и арбитри

Унапредување на социјалниот дијалог

Јавен повик за изразување интерес за обука на помирувачи и арбитри

ИПА – Развој на човечки ресурси 04 06 01

Проектот за унапредување на социјалниот дијалог во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) е финансиран од ЕУ, а го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ), преку канцеларијата на МОТ во Будимпешта.

Крајната цел на овој проект е да се подобри трипартитниот и бипартитниот социјален дијалог како начин за постигнување економски развој и социјален напредок. Тоа ќе се постигне преку подобрување на капацитетите на институциите и унапредување на законодавството, заедно со активностите насочени кон зајакнување на капацитетите на трипартитните актери на пазарот на трудот, за ефективно вклучување во социјален дијалог.

Проектот има сеопфатен пристап и има за цел да обезбеди техничка поддршка на институциите и учесниците во процесот на социјален дијалог, вклучувајќи колективно договарање на национално, гранково и локално ниво.

Проектот се состои од три меѓусебно поврзани компоненти:

1. Зајакнување на социјалниот дијалог на национално и локално ниво;
2. Поттикнување на колективното договарање и воспоставување инфраструктура за колективно договарање на ниво на сектор;
3. Воспоставување механизам за мирно решавање на работни спорови.

Овој јавен повик за изразување интерес е наменет за изнаоѓање кандидати кои ќе бидат заинтересирани за добивање обука за решавање на работните спорови преку помирување и арбитража, користејќи ги алатките на МОТ.

Услови за работа