Преговорите за пристапување се од витално значење во поглед на оценувањето на тоа како земјите-кандидатkи се подготвени за пристапување во ЕУ. Секоја земја се оценува според свои заслуги во однос на исполнување на критериумите за пристап. Преговорите помагаат при подготовката за земјите-кандидатки да ги исполнат обврските за членство во Европската унија. Исто така, тие и овозможуваат на Унијата да се подготви за проширувањето, во смисла на капацитет за апсорпција. Преговорите се однесуваат на донесувањето и спроведувањето на законодавството на Заедницата, кое се следи од страна на Комисијата. Правото на ЕУ е поделено на поглавја. Постојат онолку поглавја колку што постојат области во кои треба да се направи напредок. Преговорите се вршат во билатерални меѓувладини конференции меѓу земјите-членки и земја-кандидатки. Резултатите од преговорите се инкорпорирани во нацрт-спогодбата за пристап откако преговорите за сите поглавја се затворени. Кога е неопходно, системот на преодни мерки овозможува преговорите да се затворат и кога правото на ЕУ не е комплетно усвоено.