Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД)

ЦФЦД е сектор во состав на Министерството за финансии единствено одговорни за спроведување тендерски постапки, склучување договори, евидентирање на сметководствените трансакции во системот и извршување на плаќања по склучени договори за проекти финансирани во рамките на првите четири ИПА компоненти, во согласност со децентрализираниот систем за управување со ИПА.