Кохезивен фонд

Во согласност со член 130 (д) од Договорот за ЕЗ и со цел да се забрза економската, социјалната и територијалната кохезија, Европската Унија го создаде Кохезивен фонд во 1994 година. Целта на Кохезивниот фонд е да обезбеди финансирање на животната средина и проектите за транспортна инфраструктура. Сепак постојат одредени услови за добивање на оваа финансиска поддршка. Ако јавниот дефицит на корисникот земја-членка е поголем од 3% од националниот БДП нема да се одобруваат нови проекти се додека дефицитот не биде ставен под контрола. Опсегот на Кохезивниот фонд е подоцна проширен да ги вклучи обновливите извори на енергија, меѓу-модален транспорт, како и урбаниот и јавниот превоз.