Оперативна програма за Регионален развој (2007-2009)

1. Намена и цел на програмата:

Стратешка цел на програмата е обезбедување поддршка за постигнување одржлив развој преку подобрување на инфраструктурата во транспортот и животната средина. Особено целта е фокусирана на:

  • Подобрување на пристапот и безбедноста во поврзаноста со соседните земји преку надградба и модернизација на транспортната инфраструктура во рамките на Транс националните оски  (Коридор VIII и X);
  • Поддршка на регионалниот развој, преку обезбедување услови во животната средина неопходни за подобрување на квалитетот на животот и економски развој, преку усогласување со соодветното законодавство и инвестиции во инфраструктурата.

2. Финансиска и техничка информација

Наслов: Повеќегодишна Оперативна програма за Регионален развој 2007-2009 година
CCI No: 2007 MK 16 I PO 001
Одлука на Комисијата за одобрување: C(2007(5721) од 29 ноември 2007 година.
Финансиската спогодба во врска со Повеќегодишната Оперативна програма “Регионален развој” за помош од Заедницата преку Инструментот за претпристапна помош во рамките на компонентата за Регионален развој во Република Македонија стапи на сила на 18 септември 2009 година.

3. Оперативна структура и Договорна страна

3.1 Оперативната структура за Повеќегодишната Оперативна програма за Регионален развој 2007-2009 година, според Одлуката на комисијата C(2009)5753 од 24 јули 2009 година, за пренос на надлежности на Република Македонија за децентрализирано управување со Оперативната програма за “Регионален развој” 2007-2009 година, ги опфаќа::

  • Министерството за финансии – Секторот за централно финансирање и склучување на договори, како раководител на Оперативната структура, тело одговорно за Оперативната програма и како тело одговорно за Приоритетна оска IV “ Tехничка помош” во соработка со Министерството за транспорт и врски и со Министерството за животна средина и просторно планирање.
  • Министерството за транспорт и врски – Одделение за ИПА фондови во секторот за Европска Унија, како тело одговорно за Приоритетна оска I “Надградба на останатите делници од Коридор X на ниво на автопат“, Приоритетна оска II “Доизградба и модернизација на транспортната инфраструктура” и Приоритетна оска IV “Техничка помош“.
  • Министерството за животна средина и просторно планирање – Одделение за претпристапна помош во Секторот за соработка и координација на проекти, како тело одговорно за Приоритетна оска III “Подобрување на инфраструктурата во животната средина“ и за Приоритетна оска IV “Tехничка помош”.
  • Агенцијата за државни патишта, како одговорна за спроведување на задачите делегирани од страна на Министерството за транспорт и врски под Приоритетна оска I “Надградба на останатите делници од Коридор X на ниво на автопат”.
  • Министерството за финансии – Сектор за централно финансирање и склучување на договори, како тело за имплементација – краен корисник на целата Оперативна програма.

3.2 Договорна страна, според Финансиската спогодба во врска со Повеќегодишната оперативна програма “Регионален развој“ за помош на Заедницата од инструментот за претпристапна помош во рамките на компонетета за Регионален развој во Република Македонија е:

Министерство за финансии
Сектор за централно финансирање и склучување на договори (ЦФСД)
Даме Груев 14
Скопје 1000
Република Македонија

4. Големи проекти (повеќе информации ќе бидат обезбедени по одобрувањето на ИПА Апликациите од страна на службите на Европската Комисија):

  • Изградба на останатите делници од Коридор X на ниво на автопат;
  • Подобрување на системот за собирање и третман на отпадни води во Прилеп.

5. Проекти, различни од големите проекти кои се спроведуваат во рамките на Повеќегодишната Оперативна програма за Регионален развој 2007-2009 година

Информациите се презентирани во табелата

Приоритетна оска 1: Доизградба на Коридор X

Целта на овој приоритет е спроведување на стратешката цел за подобра кохезија со  земјите членки на ЕУ и регионалните соседи преку завршување на транс националната оска (Коридор X).

Специфични цели:

  • Да се олесни меѓународното и транзитното движење на луѓето и стоките со ЕУ и регионалните соседи преку завршување на националната компонента од Коридор X до ниво на автопат;
  • Да се олесни ефикасното движење на лица и стоки што ќе овозможи подобрување на животниот стандард и социоекономска средина во регионите, преку завршување на националните компоненти од Коридор X;
  • Да се промовира одржлив развој особено преку намалување на негативните ефекти од транспортот врз животната средина и преку подобрување на безбедноста во сообраќајот;

Приоритетна оска 2: Доизградба и модернизација на транспортната инфраструктура

Целта на овој приоритет е спроведување на стратешката цел за подобра кохезија со земјите членки на ЕУ и регионалните соседи, поддржани со различни инвестиции во транспортната инфраструктурна мрежа во земјата.

Специфични цели:

  • Да го олесни меѓународното и транзитно движење на луѓето и стоките со ЕУ и регионалните соседи преку модернизација и развој на Коридори и клучни регионални мрежи;
  • Да се олесни ефикасното движење на лица и стоки што ќе овозможи подобрување на животниот стандард и социоекономската средина во регионите, преку развој на националните компоненти на Коридорите;
  • Да се промовира одржлив развој, особено преку намалување на негативните ефекти на транспортот врз животната средина и преку подобрување на безбедноста во сообраќајот;
  • Да се изработат студии, проценка на влијанието врз животната средина (ЕИА), студии за подготовка на проекти како физибилити студии, анализи на трошоците и придобивките, проектна документација и тендерска документација каде што пред физибилити студии веќе постојат и се приоритет.

Приоритетна оска 3: Подобрување на инфраструктурата во животната средина

Целта на овој приоритет е да се подобри заштитата на животната средина преку инвестиции во инфраструктурата на животната средина, како и создавање услови за нејзин одржлив развој.

Специфични цели:

  • Да се намали загадувањето со отпадни води преку создавање на систем за третман и собирање на отпадни води согласно ЕУ барањата;
  • Да се зголеми бројот на населението поврзани со сигурен канализационен систем, обезбедување на услуги и третман на отпадните води со соодветни параметри од отпадни води;
  • Да се создадат услови за одржлив систем за собирање и депонирање на цврст отпад и да се избегне понатамошното загадување на животна средина од неконтролирано управување со отпад;
  • Да се намали масата на цврст отпад во општините депониран на депонии и да се зголеми делот на сепариран, компостиран и рециклиран отпад;
  • Да се зголеми бројот на населението за кој ќе се обезбеди систем за собирање и депонирање на отпад во согласност со ЕУ стандардите.

Приоритетна оска 4: Техничка помош

Овој приоритет има за цел да постигне ефикасно управување и спроведување на Оперативната програма за Регионален развој  и поголема апсорпција на ИПА помошта.

Специфични цели:

  • Да се постигне соодветно администрирање на ИПА помошта со цел навремено имплементирање на Оперативната програма за Регионален развој;
  • Да се обезбеди добро информирање на јавноста и да се подигне свеста за поддршката од ИПА, а особено за Оперативната програма за Регионален развој и да се постигне позитивна репутација.
  • Да се зголеми јавната свест за состојбите во животната средина особено за отпадните води и неопходноста од мерките за третирање на отпадните води;
  • Да се развие секторската политика во областа транспорт и животна средина и да се воспостават секторски плански документи како рамка на активности за понатамошен развој;
  • Оперативната структура на ниво на корисници е во можност да подготвуваат проекти и да аплицираат за помошта обезбедена од ИПА;
  • Подготовка на идните оперативни програми.