Оперативна програма за Развој на човечки ресурси (2007–2013)

1. Намена и цел на програмата

Стратешка цел на ИПА Компонентата за Развој на човечки ресурси е да се поттикне развојот на човечки ресурси, особено преку подобрување на квантитетот и квалитетот на човечкиот капитал, што води кон повеќе и подобри работни места, повисок раст и развој и поголема национална конкурентност на меѓународно ниво.

Целта на Оперативната програма „Развој на човечки ресурси” е дефинирана врз основа на социоекономска анализа на полето на развојот на човечкиот капитал и вклучува стратегија за дефинирање на приоритетите и целите, како и опис на приоритетите и мерките. Таа е насочена кон надминување на следниве утврдени слабости:

  • Ниска вработеност и висока невработеност, особено долгогодишна невработеност;
  • Зголемување на невработеноста на загрозените групи на пазарот на труд (етничките заедници кои не се мнозинство во земјата (во понатамошниот текст „етнички заедници“), жените, лицата со посебни потреби, младите и постарите лица) и нивната изложеност на социјално исклучување;
  • Несовпаѓање помеѓу релевантните образовни профили и потребите и побарувањата на пазарот на трудот;
  • Рано напуштање на училиштето, незадоволително ниво на писменост меѓу возрасните;
  • Ниско ниво на финансирање на активните политики за вработување.

2. Финансиски и технички информации

Наслов: Повеќегодишна Оперативна програма Развој на човечки ресурси 2007 – 2013 година, CCI No: 2007 MK 05 IPO 001
Одлука на Комисијата за одобрување: C (2007)6027 од 07 декември 2007 година
Финансиска спогодба во врска со Повеќегодишната Оперативна програма „Развој на човечки ресурси” за помош од Заедницата преку Инструментот за претпристапна помош во рамките на Компонентата Развој на човечки ресурси стапи на сила на 26 ноември 2009 година.

3. Оперативна структура и Договорна страна

3.1 Оперативната структура за Повеќегодишната Оперативна програма Развој на човечки ресурси 2007 – 2013 година според Одлуката на Комисијата C(2009)7692 од 16 октомври 2009 година за пренос на надлежности на Република Македонија за децентрализирано управување со Оперативната програма за „Развој на човечки ресурси”, ги опфаќа:

  • ИПА Структурата во Министерството за труд и социјална полтика – (МТСП);
  • ИПА Структурата во Министерството за образование и наука – (МОН);
  • Министерство за финансии – Сектор за централно финансирање и склучување на договори – (ЦФСД).

3.2 Договорна страна, според Финансиската спогодба во врска со Повеќегодишна Оперативна програма „Развој на човечки ресурси” за помош од Заедницата преку Инструментот за претпристапна помош во рамките на Компонентата Развој на човечки ресурси во Република Македонија е:

Министерство за финасии
Сектор за централно финансирање и склучување на договори – (ЦФСД)
ул „Даме Груев” бр. 14
Скопје 1000
Република Македонија

4. Операции кој ќе се имплементираат во рамките на Повеќегодишната Оперативна програма Развој на човечки ресурси 2007 – 2013

Информациите се презентирани во табелата

Приоритетна оска 1: Вработување – Привлекување и задржување на повеќе луѓе на пазарот на трудот

Цел:

Зголемување на вработеноста, намалување на невработеноста и задржување повеќе луѓе на пазарот на трудот, преку модернизација и унапредување на услугите кои ги дава Агенцијата за вработување на РМ, како и преку развој и спроведување на нови и подобрени активни политики и мерки, како што е дефинирано во Националната стратегија за вработување и Националниот акционен план за вработување.

Конкретни цели:

  • Понатамошно зајакнување на капацитетите на Агенцијата за вработување, што ќе придонесе за ефикасно спроведување на Националниот акционен план за вработување.
  • Спроведување на активни мерки за вработување, со цел да се олесни интеграцијата на невработените лица на пазарот на трудот, а особено на следниве групи: младите, жените, долгорочно невработените.
  • Активности и мерки за поддршка на трансферот од неформално во формално вработување.

Приоритетна оска 2: Образование и обука – Инвестирање во човечки капитал преку подобро образование и вештини

Цел:

Да се модернизира системот за образование и обука, со цел да се подобри прилагодливоста кон потребите на пазарот на трудот и промовирање на доживотното учење. Освен тоа, со овој приоритет ќе се обезбеди еднаков пристап до квалитетно образование на сите без оглед на етничкото потекло.

Конкретни цели:

Поддршката на модернизацијата на системот за образование и обука со спроведување на реформи во оваа област, особено со цел подобрување на квалитетот и подобар однос меѓу образованието и потребите на пазарот на трудот, и дополнително обезбедување на квалитетно образование за сите етнички заедници. Поточно овде е вклучено следново:

  • Поврзување на училиштата за стручно образование и обука со деловните партнери и модернизација на двегодишното и тригодишното стручно образование.
  • Поддршка на интеграцијата на етничките заедници во образовниот систем, на пример ромската и албанската популација.
  • Воспоставување на национално координативно тело за образовни активности за возрасни и спроведување на развојот на програмите за образование на возрасните, описменувањето и завршувањето на основното образование на исклучените.

Приоритетна оска 3: Социјално вклучување – Промовирање на вклучувачки пазар на труд

Цел:

Поддршка на социјалното вклучување во насока на интеграција на лицата во неповолна положба на пазарот на трудот преку обука на професионалци и волонтери за социјално вклучување, подобрување на врските помеѓу сите партнери и зајакнување на капацитетот на граѓанското општество во насока на обезбедување на (квалитетна) социјална помош.

Конкретни цели:

  • Подобрување на ефикасноста и квалитетот на социјалните услуги со обезбедување на пристап до услугите и олеснување на интеграцијата на лицата во неповолна положба на пазарот на трудот преку обучување професионалци и волонтери кои работат на полето на социјална исклученост.
  • Олеснување на интеграцијата на лицата во неповолна положба на пазарот на труд, вклучувајќи ги и припадниците на различни етнички заедници, преку јакнење на нивните потенцијали за вработување или преку субвенции за вработување;
  • Обезбедување на обука за експертите кои работат со ранливи групи на централно и локално ниво;
  • Подобрување на активното учество на граѓанското општество, вклучувајќи ги невладините организации (НВО) и социјалните партнери во спроведувањето на политиките за социјално вклучување;
  • Развивање на капацитетот на граѓанското општество за да биде дел од процесот на одлучување, како и неговиот капацитет за вмрежување и вештини за управување со проекти.

Приоритетна оска 4: Техничка помош

Цел:

Постигнување ефикасно спроведување, следење, евалуација, администрација и информирање за Оперативната програма, во насока на идното управување со Европските структурни фондови (Европскиот социјален фонд).

Конкретни цели:

  • Да се обезбеди техничка помош на Оперативната структура за управување со Оперативната програма за Развој на човечки ресурси во областа на подготвителните активности, управувањето, следењето, евалуацијата, информативните и контролните активности за спроведување на Оперативната програма.