Изградба на пречистителни станици за отпадни води во општините Радовиш, Кичево и Струмица

WWTP

Проектот ,,Изградба на пречистителни станици за отпадни води во Општините Радовиш, Кичево и Струмица, EuropeAid/137137/IH/WKS/MK‘‘ е кофинансиран од Европска Унија преку ИПА оперативната програма за регионален развој (2007-2013), а е спроведен преку Секторот за централно финансирање и склучување договори во Министерството за финансии на Република Македонија во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, како и вклучените општини.

Главната цел на овој проект беше да се обезбеди проект и изградба на пречистителни станици за отпадни води во Општините Радовиш, Кичево и Струмица за да се постигнат квалитетни услуги за собирање и третман на отпадните води, со што ќе и овозможи на земјата да ги исполни европските стандарди за собирање и третман на отпадни води во согласност со ЕУ Директивите и националното законодавство.

Проектот започна со имплементација во 2016 година и беше имплементиран во три Дела, кои го опфаќаат следниов опсег на работа:

Дел 1: Изградба на пречистителна станица за отпадни води, обнова и проширување на приоритетната канализациона мрежа во Општина Радовиш

Секција 1 Проект и изградба на пречистителна станица за отпадни води со капацитет од 25.000 P.E во Општина Радовиш.

Секција 2 Инфраструктура до пречистителната станица

  • Снабдување со електрична струја од градот Радовиш до новата пречистителна станица и осветлување на локалниот пристапен пат,
  • Снабдување со вода за пиење за новата пречистителна станица со должина од 1.668 m,
  • Изградба на главен колектор и поврзување со главниот гравиметриски одводен канал до новата пречистителна станица
  • Изградба на пристапен пат од градот Радовиш до локацијата на новата пречистителна станица со должина од 1.510 m.

Секција 3

  • Обнова и надградба на постојната канализациона мрежа во Општина Радовиш, приближно 3.300 m,
  • Дополнителен канализационен колектор со должина од 1.594 m, за намалување на инфилтрацијата на подземната вода и соодветно на тоа да се намали разредувањтое на влијанието на новата пречистителна станица

Дел 2: Изградба на пречистителна станица за отпадни води во Општина Кичево

  • Проект и изградба на пречистителна станица за отпадни води со капацитет од 48.000 P.E. во Општина Кичево,
  • Изградба на пристапен пат со должина од 525,5 m и ширина од 5 m,
  • Поврзување на новата пречистителна станица со електрична енергија и други комунални услуги
  • Изградба на крајбрежен ѕид од габиони за заштита од поплави
  • Изградба на главниот колектор и поврзување на главниот колектор со новата пречистителна станица

Дел 3: Изградба на пречистителна станица за отпадни води во Општина Струмица

  • Проект и изградба на пречистителна станица за отпадни води со капацитет од 53.000 P.E. во Општина Струмица
  • Поврзување на новата пречистителна станица со електрична струја и други комунални услуги
  • Изградба на главниот колектор и поврзување на главниот колектор до новата пречистителна станица

Проектот го спроведува WTE Wassertechnik GmbH, Есен Германија, во конзорциум со Трговското друштво за производство, проектирање и инженеринг Vardargradba DOO. Изградената инфраструктура во рамки на проектот е во Гарантен период со времетраење од една година и истите се управувани од Јавните комунални претпријатија на соодветните општини.