Оглас за работа во Проектна единица

Министерство за финансииформираше „Проектна единица за имплементација на Оперативната програма за развој на човечки ресурси – ОПРЧР“, и за таа цел објавува оглас за ангажирање на 2 (две) лица за работен ангажман на определено време од  36 месеци на следниве позиции:

1. Советник за следење на договорите во рамки на Оперативната програма за развој на човечки ресурси – (1 извршител)

2. Советник за финансиска имплементација на Оперативната програма за развој на човечки ресурси – (1 извршител)

Повеќе податоци за работните должности на лицата кои ќе работат во Проектната единица може да се најдат во Правилникот за систематизација на работните места во Министерство за финансии објавен на следниот линк:

http://www.finance.gov.mk/files/u1/pravilnik_za_sistematizacija-03_01_2012.pdf.

Рокот за доставување на потребната документација е осум (8) дена сметано од денот на објавување на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување), односно најдоцна до 04.02.2014 година до 16:00 часот.

Оглас за Проектна единица