Речник

Молам, изберете од горното мени

  • Виш програмски службеник (СПО)

    СПО е службеник во државната администрација (ресорни министерства/институции кориснички на ИПА) задолжени за техничко спроведување на проектите финансирани од ИПА.

  • Грант

    Според Прирачникот на склучување договори за активности со трети земји на Европската комисија, грант е директна финансиска поддршка по пат на донација, од буџетот на ЕУ или на ЕДФ, со цел да се финансираат:

    • активности наменети да помогнат во остварување на целта која е составен дел од политиката на Европската унија, и
    • функционирањето на тело кое работи за општ европски интерес или има за цел да исполни дел од политиката на Европската унија.
  • Децентрализиран систем за имплементација (од првите четири ИПА компоненти)

    Овој систем за управување подразбира дел од надлежностите и управувањето со финансиската помош од ЕУ да бидат префрлени на органите во Република Македонија како земја-корисничка, додека Европската комисија ќе врши претходна контрола на процесот и задржува конечна одговорност според Договорите на ЕЗ.

  • Европскиот социјален фонд

    ЕСФ е главен фонд за развој на човечките ресурси и подобрување на функционирањето на пазарот на трудот во ЕУ. Неговата цел е да се подобрат условите за наоѓањето и зачувување на работното место. Овој фонд е главен финансиски инструмент на социјалната политика на Заедницата кој обезбедува поддршка за стручна обука, преквалификација и програми за создавање на работни места. Три четвртини од ЕСФ се трошат за борба против невработеноста на младите.

  • Европски фонд за регионален развој

    Од 1975 ЕРДФ има обезбедено поддршка за креирањето на инфраструктура и инвестиции за создавање на работни места. Овој инструмент има за цел да ги намали разликите во регионален развој, примарно преку продуктивни инвестиции, создавање и модернизација на инфраструктурата, мерки за регионален развој и сродни инвестиции во образованието и здравството.

  • Заеднички комитет за следење

    Заеднички комитет за следење (ЗКС) е орган формиран од претставници од земјите учеснички во прекуграничните програми со цел правилно спроведување на програмата. ЗКС обезбедува дека спроведувањето на прекуграничната програма се врши ефикасно и квалитетно и во согласност со одредбите во член 110 од Регулативата за имплементација на ИПА.

  • Заедничкиот технички секретаријат

    Заедничкиот технички секретаријат (ЗТС) е орган формиран од органот на управување на прекуграничната програма и претставници од земјите-учеснички или од оперативните структури во земјите-учеснички во прекуграничната програма со цел помагање на тие тела и ЗКС при извршување на нивните должности. ЗТС може да има антени во секоја од земјите-учеснички. ЗТС е всушност одговорно тело на дневното спроведување на програмата.

  • Законитост

    Законитоста во случајот на ДИС во Република Македонија претставува сообразност со законитоста на правните акти кои се прифатени како правна основа за сите ДИС активности и трансакции, преку кои овие активности и трансакции имаат правна сила. Тоа всушност претставува согласност со законската рамка која се состои од Рамковниот договор, Уредбата за ДИС, Договорот за имплементација меѓу НАО и ПАО, Оперативните договори, Протоколот потпишан меѓу МФ и Народна банка, како и Меморандумот за разбирање со Финансиска полиција.

  • Земја корисничка

    Земја корисничка е земја/држава надвор од Европската унија, со која на Европските заедници се согласија да има програма за соработка.

  • ИПА – Инструмент за претпристапна помош

    ИПА е основен инструмент на Европската комисија во предпристапната стратегија за финансискиот период 2007-2013. ИПА е единствен предпристапен финансиски инструмент, заменувајќи го со амалгам на претходните индивидуални програми за помош како ФАРЕ, ИСПА, САПАРД, КАРДС и на Инструментот за претпристапна помош за Турција. Основан е во рамките на Регулативата на Советот (ЕЗ) бр 1085/2006 од 17 јули 2006 година, додека правилата за имплементација на ИПА се опишани во Регулативата на Европска Комисија бр 718/2007 од 12 јуни 2007 година (Регулативата за имплементација на ИПА).

  • ИПА Компонента III – Регионален развој

    Основната цел на ИПА Компонента III – Регионален развој е да се подготви Република Македонија за користење на структурните и фондовите за кохезија по пристапувањето на РМ во ЕУ, а притоа се става акцент на развојот на транспортниот сектор и животната средина, како и на прашањето од регионалната конкурентност.

  • ИПА Компонента I – Помош при транзиција и градење на институции

    ИПА Компонента I – Помош при транзиција и градење на институции е компонента поврзана со усвојување на acquis communautaire и неговата примена, како и градење на институциите. Оваа компонента треба да и помогне на Владата на Република Македонија во градење административниот и судскиот капацитет во процесот на исполнување на Копенхагенските политички и економски критериуми за пристап во ЕУ. Помошта е ставена на располагање на државните органи на централно, регионално и локално ниво и дава поддршка на други организации кои имаат важна улога во помагањето на Република Македонија да се подготви за пристапување во ЕУ и имплементација на правото на ЕУ (на пр. организации кои се вклучени во социјалниот дијалог, како организации на работодавачите и синдикатите, професионални организации, како што се стопански комори и земјоделски здруженија, како и други претставнички тела).

  • ИПА Компонента IV – Развој на човечки ресурси

    Целта на ИПА Компонентата IV – Развој на човечки ресурси е да и помогне на Република Македонија во остварувањето на стандардите на ЕУ во поглед на вработување, социјална вклученост, рамноправност меѓу половите, образование и обука, како што е утврдено во рамките на Европската стратегија за вработување и ревидирано со Лисабонската стратегија. Целта на ИПА Компонентата IV – Развој на човечки ресурси е да се подготват националните институции за управување и спроведување на политиката на кохезија на Заедницата по пристапувањето, особено Европскиот социјален фонд (ESF).

  • ИПА координатор

    ИПА координаторот е службеник назначен во рамките на ресорното министерство или институцијата корисничка под ИПА Компонента II, ИПА Компонента III или ИПА Компонента IV, одговорен за техничките аспекти на имплементација на проектите кои се имплементираат во рамките на овие министерства/институции, помагајќи му на ХОС во соодветна и навремена подготовка и имплементација на проектите.

  • Краен корисник

    Крајниот корисник е институција или фирма, приватна или јавна, одговорна за иницирање или иницирање и спроведување на операциите/проектите.

  • Комитет за следење на ИПА

    Комитетот за следење на ИПА е главно тело за следење на имплементација на ИПА на ниво на земја-корисничка. Комитетот е составен од претставници на Европската комисија, Националниот ИПА координатор (НИПАК), Националниот координатор за авторизација, Стратешкиот координатор и претставници на Оперативните структури за посебните ИПА Компоненти. Со Комитетот ко-претседаваат претставник на Комисијата и НИПАК.

  • Кохезивен фонд

    Во согласност со член 130 (д) од Договорот за ЕЗ и со цел да се забрза економската, социјалната и територијалната кохезија, Европската Унија го создаде Кохезивен фонд во 1994 година. Целта на Кохезивниот фонд е да обезбеди финансирање на животната средина и проектите за транспортна инфраструктура. Сепак постојат одредени услови за добивање на оваа финансиска поддршка. Ако јавниот дефицит на корисникот земја-членка е поголем од 3% од националниот БДП нема да се одобруваат нови проекти се додека дефицитот не биде ставен под контрола. Опсегот на Кохезивниот фонд е подоцна проширен да ги вклучи обновливите извори на енергија, меѓу-модален транспорт, како и урбаниот и јавниот превоз.

  • Мерка

    Мерката претставува множество операции односно проекти кои се дел од приоритетната оска, чие спроведувањето овозможува остварување на целите на приоритетната оска на која се однесува.

  • Национален координатор за авторизација – НАО

    НАО е висок функционер во државната администрација на Република Македонија. НАО е назначен од страна на Владата на РМ. НАО ги исполнува следниве функции и ги носи следниве одговорности:
    Како раководител на Националниот фонд има севкупна одговорност за финансиски менаџмент на средствата од ЕУ во земјата и во тоа што корисникот е одговорен за законитоста и регуларноста на основните трансакции. Одговорен е за ефикасно функционирање на системите за управување и контрола според ИПА.

  • Надлежен координатор за акредитацијa

    Надлежниот координатор за акредитација е висок владин функционер, надлежен за издавање на акредитација на Националниот координатор за авторизација и Националниот фонд за децентрализирано управување на сите компоненти на ИПА, во согласност со условите пропишани во точка 1, Анекс А на Рамковниот договор.

  • Насоки за управување со програма

    Насоки за управување со програма е всушност документ кој детално ги опишува активностите и задачите кои треба да се вршат при управување со програма. Овој документ содржи писмени процедури, упатства, насоки, урнеци и формулари кои се во согласност со другите Прирачници за работа и со PRAG.

  • Национален ИПА координатор

    НИПАК е висок владин функционер, кој, согласно со точка 2, Анекс А на Рамковниот договор, ќе биде одговорен за обезбедување на целокупната координација на ИПА помошта во РМ, обезбедување на партнерство меѓу Европската комисија и Република Македонија, како и континуирана координација помеѓу процесот на пристапување во ЕУ и користењето на ИПА претпристапните фондови.

  • Национален фонд

    НФ е тело формирано во рамките на Министерството за финансии, кое се состоие од две одделенија, преку кои ИПА средствата ќе бидат префрлени во Република Македонија согласно со точка 5, Анекс А на Рамковниот договор. НФ е одговорно тело за обезбедување на ефикасно и ефективно функционирање на системите за управување и контрола. НФ е одговорно тело за отворање и управување со банкарските сметки, одговорно за барање на средствата од ЕК, одобрување на трансферот на средства од ЕК до Оперативните структури за петте ИПА компоненти, како и за поднесување финансиски извештаи до ЕК.

  • Неправилност

    Секое прекршување на одредбите од применливите правила и договори кое произлегува од дејство или пропуст и кое има или би имало ефект на оштетување на општиот буџет на Европската унија или на Буџетот на РМ.

  • Орган надлежен за склучување договори

    Орган надлежен за склучување договори во првите четири ИПА компоненти е Секторот за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД), како дел од Министерството за финансии. Орган надлежен за склучување договори за петтата ИПА компонента е ИПАРД Платежната агенција.

  • Оперативни структури

    Оперативни структури се тела или збирови на тела во рамките на државната администрација на Република Македонија, кои се одговорни за управување и спроведување на ИПА програмите од првите четири ИПА компоненти, во согласност со принципот на солидно финансиско управување. Оперативните структури вршат голем број на функции како што се наведени во член 28 од Регулативата за имплементација на ИПА.

  • Оперативен договор

    Оперативен договор е договор склучен помеѓу ПАО / ХОС и СПО / ИПА координатор, врз основа на кои ПАО/ХОС делегира специфични задачи во поглед на техничко спроведување на ИПА проекти финансирани под ДИС во Република Македонија.

  • Оперативна програма

    ОП е документ подготвен од страна на Владата на Република Македонија и усвоен од страна на Европската комисија, што претставува пакет на приоритетни оски, мерки и активности и опис на финансискиот придонес, потребни за имплементација на стратегиите дефинирани во Повеќегодишниот индикативен планирачки документ.

  • Оправдани трошоци

    Оправдани трошоци се сите трошоци кои се сметаат за оправдани според ИПА Регулативата за имплементација на ИПА и според релевантната Финансиски спогодба.

  • Преговори за пристапување

    Преговорите за пристапување се од витално значење во поглед на оценувањето на тоа како земјите-кандидатkи се подготвени за пристапување во ЕУ. Секоја земја се оценува според свои заслуги во однос на исполнување на критериумите за пристап. Преговорите помагаат при подготовката за земјите-кандидатки да ги исполнат обврските за членство во Европската унија. Исто така, тие и овозможуваат на Унијата да се подготви за проширувањето, во смисла на капацитет за апсорпција. Преговорите се однесуваат на донесувањето и спроведувањето на законодавството на Заедницата, кое се следи од страна на Комисијата. Правото на ЕУ е поделено на поглавја. Постојат онолку поглавја колку што постојат области во кои треба да се направи напредок. Преговорите се вршат во билатерални меѓувладини конференции меѓу земјите-членки и земја-кандидатки. Резултатите од преговорите се инкорпорирани во нацрт-спогодбата за пристап откако преговорите за сите поглавја се затворени. Кога е неопходно, системот на преодни мерки овозможува преговорите да се затворат и кога правото на ЕУ не е комплетно усвоено.

  • Прекугранична соработка (ЦБЦ)

    Втората ИПА компонента опфаќа прекугранична соработка која подразбира активности меѓу (потенцијални) земјите-кандидатки и земјите-членки, како и прекугранични активности помеѓу земјите-кандидатки и потенцијални кандидатки за членство. Главната цел на оваа ИПА компонента е да се промовира одржливиот економски и социјален развој во пограничните области, за решавање на заедничките проблеми во животната средина, природното и културното наследство, јавното здравје и спречување и борбата против организираниот криминал, за да се обезбеди ефикасност и безбедност на границите, како и да се промовираат локалните акции меѓу граѓаните од пограничните области.

  • Прирачник за склучување договори за активности надвор од ЕУ финансирани од општиот буџет на Европските заедници (PRAG)

    PRAG е прирачник за работа во кој е објаснета постапката за склучување договори за активности надвор од ЕУ финансирани од општиот буџет на Европските заедници.

  • Принцип на стабилно финансиско управување

    Принцип на стабилно финансиско управување е буџетски принцип според кој средствата во буџетот мора да се користат во согласност со економично, ефикасно и ефективно.

  • Пакет за проширување

    Пакетот за проширување е комплет документи презентирани секоја година од страна на Европската комисија пред Советот и европскиот парламент. Стратешкиот и политичкиот дел од пакетот за проширување се состои од ревидирање, онаму каде што е потребно, на Партнерствата за пристапување и Европските партнерства, на редовни извештаи релевантни за земјата и Стратегијата за проширување на Комисијата. Пакетот за проширување содржи и повеќегодишна индикативна финансиска рамка за финансиска помош.

  • Повеќегодишен индикативен планирачки документ

    Повеќегодишен индикативен планирачки документ (MIPD) е стратешки документ за програмирање на ИПА компонентите. На ниво на стратешко планирање ниво, MIPD е донесен од страна на Европската комисија во тесна соработка со органите на Република Македонија и ги опфаќа сите пет компоненти на ИПА. Таа е создадена за три годишен период со годишни прегледи на ролинг основа. Приоритетите утврдени во MIPD ќе послужат како основа за програмирање по компонента на годишните средствата на ЕУ.

  • Прекугранична соработка (ЦБЦ)

    Простете, овој запис е достапен само на English.

  • Приоритетна оска

    Приоритетните оски се дел од Оперативната програма преку кои се постигнува глобалната цел, а се имплементираат или преку мерки, или директно преку проекти.

  • Прирачник за спроведување на програма

    Документ кој ги опишува во наративна форма сите активности и задачи во однос на управувањето и спроведувањето на ИПА во рамките на систем за децентрализирано управување (ДИС).

  • Програмирање

    Програмирањето е дел од циклусот на управувањето со програмата што резултира со годишни или повеќе-годишните програми за развој, изготвени преку партнерството на повеќе институции и официјализирани со одлука. Поконкретно, програмирањето резултира со Национални/ Прекугранични/ Оперативни програмаи во контекст на ИПА во Република Македонија.

  • Раководител на Национален фонд

    Раководителот на Националниот фонд е владин службеник одговорен за правилно извршување на функциите на Националниот фонд, директно одговорен пред НАО.

  • Раководител на Оперативна структура (ХОС)

    ХОС е владин функционер кој управува со Оперативните структури за имплементација на ИПА компонентите III и IV и е одговорен за навремено и ефикасно исполнување на обврските наведени во точка 6, Анекс А на Рамковната спогодба.

  • Рамковна спогодба

    Рамковната спогодба е договор склучен меѓу Владата на Република Македонија и Комисијата на Европските заедници за правилата за соработка во однос за финансиска поддршка од ЕУ во Република Македонија во рамките на спроведување на Инструментот за претпристапна помош (Службен весник на Република Македонија 18/08).

  • Ревизија

    Ревизијата претставува верификација на законитоста и регуларноста на спроведување на ресурси. Ревизијатаоценува во однос на општи критериуми и стандарди. Главната намена на ревизијата е да најде докази за грешки и дисфункција. Со време, зборовите “контрола” и “ревизија” се проширија и опфаќаат повеќе активности од оние што припаѓаат на оригиналната дефиниција. Целта на ревизијата е ревизорот да оцени и да изрази заклучок односно мислење, кој му обезбедува на корисникотодредено ниво на сигурност за предметот на ревизијата.

  • Ревизорско тело

    Ревизорско тело е функционално независен ревизорски орган основан во рамките на Државниот завод за ревизија на Република Македонија во согласност со барањето од страна на Европската унија за вршење на ревизија во текот на утврдувањето и функционалноста на структурите и контрола на системи за управување со ЕУ претпристапните фондови во Република Македонија. Ревизорско тело е независно тело од другите ДИС структури за управување и контрола. Ревизорското тело е основано со Законот за изменување и дополнување на Законот за државна ревизија ( “Службен весник на Република Македонија 133/07).

  • Регулативата за имплементација на ИПА

    Ова име се користи најчесто за Регулативата на Комисијата за имплементација на Регулативата (ЕЗ) бр 718/2007 од 12 јуни 2007 година за спроведување Регулативата на Советот (ЕЗ) бр 1085/2006 за воспоставување на инструмент за претпристапна помош (ИПА).

  • Систем за информациско управување (МИС)

    Софтверска апликација за управување со договори финансирани од ИПА, кој ќе се овозможи навремено и непречено спроведување на Националните / Оперативните програми. МИС обезбедува собирање на информации до ниво на компонента / програма кои се потребни за Секторски комитети за следење и Комитетот за следење на ИПА. МИС ќе вклучува и одржување на систем за чување на сметководствената евиденција на ЦФСД и Националниот фонд.

  • Структурни фондови

    Структурните фондови се финансиски инструменти на Европската унија (ЕУ) за регионална политика, која е наменета за да ги намали развојните разлики меѓу регионите во земјите-членки на ЕУ и да промовира еднакви можности за сите. Фондовите се целосно наменети за спроведување на целите на економската, социјалната и територијалната кохезија. Овие фондови се израз на солидарност меѓу земјите-членки и регионите во ЕУ. Секои три години Европската комисија подготвува извештај за напредокот во постигнување економска и социјална кохезија и за начинот на политиките на Заедницата за постигнување на кохезија. Структурните фондови се администрираат од страна на Комисијата. Структурните фондови се состојат од фондови за земјоделие, за регионален развој, за социјалната сфера и за рибарство.

  • Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД)

    ЦФЦД е сектор во состав на Министерството за финансии единствено одговорни за спроведување тендерски постапки, склучување договори, евидентирање на сметководствените трансакции во системот и извршување на плаќања по склучени договори за проекти финансирани во рамките на првите четири ИПА компоненти, во согласност со децентрализираниот систем за управување со ИПА.

  • Секторски комитет за следење

    Секторски комитет за следење е тело што е одговорно за следење на спроведувањето на одредени ИПА компонента или програма и обезбедување на ефикасноста и квалитетот при спроведувањето. Секторскиот комитет за следење се состои од претставници на ЕК, НАО, НИПАК, Стратешкиот координатор, Раководителот на Оперативната структура, Оперативните структури, надлежните министерства, меѓународни финансиски институции, социјално-економски партнери и граѓански организации. Со Комитетот копретседаваат Раководителот на ОС и претставник од ЕК.

  • Следење (Мониторинг)

    Целосна и редовна проверка на спроведувањето на проектите и програмите. Следењето се базира на кохерентен систем на информации, вклучувајќи извештаи, прегледи, биланси на состојба, индикатори и слично. Кога следењето вклучува оценување, оценувањето се однесува на остварување на работните цели.

  • Службеник за авторизација на програми

    Службеник за авторизација на програми е висок владин службеник, кој управува со Оперативните структури за имплементација на ИПА Компонента I и ИПА Компонента II и е одговорен за навремено и ефикасно исполнување на обврските наведени во точка 8, Анекс А на Рамковниот договор.

  • Службеник за неправилности

    Во секоја институција која е дел од системот за децентрализирано управување со ИПА назначен е службеник за неправилности одговорен за поднесување извештаи на квартална основа за тоа дали се пронајдени неправилности во работата на институцијата. При откриени или при сомневање во неправилности во врска со проектите финансирани од ИПА, службеникот е должен веднаш да го извести НАО кој пак веднаш го известува лицето за контакт со ОЛАФ и ЕК.

  • Стратешки координатор (за ИПА Компонентите за регионален развој и развој на човечки ресурси)

    Стратешки координатор за ИПА Компонентите за регионален развој и развој на човечки ресурси е висок владин функционер, кој обезбедува координација на финансиската помош која се доделува во рамките на ИПА Компонентите за регионален развој и развој на човековите ресурси. Во негова надлежнопст е изготвувањето на Стратешката кохерентна рамка што е дефинирано во член 154 од Регулативата за спроведување на ИПА и обезбедувањето координација помеѓу секторските стратегии и програми.

  • Структурните фондови на ЕУ – Цели
    • Цел 1 промовира развој на економиите од региони чиј развој заостанува. Тоа е регионализирана политика која се однесува на статистички региони. Само оние региони каде БДП по глава на жител е помал од 75% од просекот на Заедницата ги исполнуваат условите за учество во оваа политика. Во сите, цел 1 покрива 90 региони во 19 во земјите-членки. Основна инфраструктура, развој на човечките ресурси, инвестициите во истражувањето и иновациите, и информатичкото општество се четири приоритетни области.
    • Цел 2 придонесува за економски и социјални конверзија на географските региони кои се соочуваат со структурни тешкотии. Демаркацијата на подобни области се врши во зависност бројот на популацијата (18% од популацијата на Унијата) и на одредени социо-економски критериуми.
    • Цел 3 поддржува адаптација и модернизацијата на политиките и системите за образование, обуки и вработување. Служи како референтна рамка за сите мерки кои се превземени врз основа на нови вработувања. Сите региони кои се надвор Цел 1 се прифатливи.
  • Студија за оценка на влијанието врз животната средина (ЕИА)

    Оваа студија ги опфаќа сите последици врз животната средина кои може да ги предизвика индивидуален проект. ЕИА е задолжителен чекор во процесите за избор на големите инфраструктурни проекти. Спротивно на тоа, стратешко оценување на животната средина (СЕА) се однесува на евалуација на програмите и приоритетите на политиката.

  • Финансиска спогодба

    Финансиската спогодба е всушност годишен договор или мулти-годишен договор склучен за секоја ИПА Компонента меѓу Европската комисија и Владата на Република Македонија, кој следи по одлуката на Комисијата за одобрување на финансиска поддршка на Заедницата за програма или операција.

  • Функција на контрола на квалитетот

    Целта на оваа функција во ЦФЦД е да се подобри ефикасноста и квалитетот на спроведувањето на проекти финансирани од ИПА. Функцијата е посебна од другите функции во ЦФЦД иако е сместена во Одделението за контрола и општи работи и се однесува на контрола на квалитетот на сите документи поврзани со тендерската постапка и постапката на склучување договори. Надлежниот персонал ќе врши техничка верификација и контрола на усогласеноста на сите документи кои се однесуваат на тендерската постапка и постапката на склучување договори, како и на некои документи поврзани со процесот на мониторинг. Функцијата е составен дел на системот за управување и контрола во ЦФЦД, која гарантира за техничкиот квалитет на документите и сообразност со утврдените правила.