Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) е сектор во рамките на Министерството за финансии на Република Македонија, кој е надлежен за стабилно финансиско управување на проекти кои се финансираат од страна на следниве ИПА компоненти:

  • ИПА Компонента I – Помош во период на транзиција и градење на институции
  • ИПА Компонента III – Регионален развој
  • ИПА Компонента IV – Развој на човечки ресурси

ЦФЦД претставува Водечко тело во рамките на Оперативните структури за ИПА Компонентите I, III и IV, како и надлежен орган кои ќе врши склучување на договори, и кој е единствено одговорен за спроведување на тендерските постапки и плаќања поврзани со проекти финансирани од ЕУ.

Раководителот на ЦФЦД во исто време е назначен и за Програмски службеник за авторизација (ПАО) за ИПА Компонента I, како и Раководител на оперативна структура (ХОС) за ИПА Компонента III и IV.

Задачите кои се однесуваат на програмирање, техничка имплементација и следење на реализацијата на договорите се делегирани на надлежните линиски министерства/ институции – кориснички, со Оперативен договор потпишан од страна на ПАО/ХОС и Вишите програмски службеници СПО/ ИПА координатори.

ЦФЦД ја надгледува реализацијата на проектите, а ПАО/ХОС ја задржува целосната одговорност за реализација на истите и обезбедува ефективно надгледување за соодветна реализација на задачите делегирани од страна на СПО/ ИПА координаторите.

ДОВЕРЛИВОСТ И НЕПРИСТРАСНОТ

И покрај тоа што работењето на ЦФЦД е во согласност со почитувањето на правилата на ЕК за транспарентност, публицитет и видливост, истите во одреден дел се од доверлива природа и за нив не смее да се разговара со трета страна, ниту за време на тендерирање, ниту за време на склучување на договорот, ниту потоа.

 

Главната цел на ЦФЦД е да се обезбеди соодветна, ефективна и ефикасна имплементација на проекти финансирани од ИПА, истовремено почитувајќи ги принципите на стабилно финансиско управување и соодветни контроли. Ефикасното користење на ЕУ предпристапната помош на Република Македонија ќе и овозможи на земјата поддршка при нејзиното исполнување на критериумите за пристапување на патот кон полноправно членство во ЕУ.

ЦФЦД се обврзува да работи почитувајќи принципи базирани врз основните вредности на чесност, интегритет, почит кон луѓето, доверба, отвореност, тимска работа и професионалност. ЦФЦД ги организира сопствените активности во согласност со принципите на современото управување преку воспоставување на ефикасен систем на контроли во организацијата, неопходни заради важноста, големината и комплексноста на ЕУ програмите кои ги имплементира во рамките на својата надлежност.

ЦФЦД успешно ја постигнува главната цел на својата работа преку следните активности:

  • Раководството и вработените се стремат кон највисоките стандарди на квалитет во сите активности кои тие ги раководат или вршат;
  • Соодветен број на квалификуван кадар работи на сите нивоа;
  • Највисокото раководство обезбедува дека воспоставената етика и култура се подразбира низ целата организација преку јасно донесување на одлуки;
  • Надлежност на вработените – раководството и вработените ги дефинираат знаењата и вештините кои се потребни за секоја позиција, и ги ревидираат потребите за обука во рамките на годишната проценка на вработените, осигурувајќи се дека идентификуваните потреби за обука ќе се исполнат во најбрз рок со цел да бидат од корист на вработените;
  • Чувствителните функции потенцијално отворени за несоодветно влијание што би можело да биде на штета на финансиските интереси на ЕУ или на националниот буџет се идентификуваат и врз нив се спроведува зајакната контрола и надзор се превземаат;
  • Делегација – одговорностите и овластувањата се јасно дефинирани, доделени и се доставуваат во писмена форма и делегацијата е соодветна на важноста на одлуките кои треба да се превземат како и ризиците кои ги превземаат, и никој од вработените не се сомнева во своите одговорности;
  • Усвоени се соодветни процедури со цел да се обезбеди континуитетот на работењето во секој момент;
  • Се применува евидентирање и корекција на слабостите на внатрешните контроли.

Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) како дел од Оперативните структури за децентрализирано управување со средствата обезбедени преку ИПА Компонентите I – IV е надлежно да ги спроведува своите активности во согласност со следниве правни акти:

  • Регулативата за спроведување на ИПА (ЕК) 718/2007,
  • Рамковната спогодба помеѓу Владата на Република Македонија и Комисијата на Европската заедница за правилата за соработка во врска со финансиската помош од ЕУ во Република Македонија во рамките на спроведување на помошта според ИПА и
  • Уредба за утврдување на меѓусебните односи на органите и структурите на  децентрализирано управување со првите четири компоненти од Инструментот за прет-пристапна помош (ИПА) на Европската Унија.

Во согласност со овие правни акти ЦФЦД е централно тело за склучување на договори за ИПА Компонентите I – IV и е одговорно за спроведување на тендерирските постапки, склучување на договори и исплата на проекти финансирани од ЕУ преку децентрализираниот систем за управување во Република Македонија.

ЦФЦД е носител на следниве надлежности (списокот не е исцрпен):

  • спроведување на тендерски постапки,
  • склучување на договори,
  • управување со договорите,
  • следење (мониторинг),
  • управување со банкарските сметки на ЦФЦД,
  • плаќања,
  • сметководство,
  • подготвување на извештаи,
  • управување со човечки ресурси во ЦФЦД,
  • управување со нерегуларности,
  • управување со ризици,
  • контрола на квалитет,
  • надгледување на СПО/ИПА координаторите во линиските министерства/ институции – кориснички,
  • почитување на правилата за јавност и транспарентност.

Раководителот на ЦФЦД е истовремено и Програмски службеник за авторизација (ПАО) за ИПА Компонента I и II, односно Раководител на оперативната структура (ХОС) за ИПА Компонента III и IV. ПАО/ХОС е одговорен за спроведување на проектите финансирани преку ИПА Компонентите I – IV, меѓутоа дел од задачите поврзани со техничката реализација и надгледувањето на спроведувањето на договорите се пренесени на надлежните министерства/ институции – кориснички. Пренесувањето на задачите е регулирано со Оперативни договори потпишани помеѓу ПАО/ ХОС и СПО/ ИПА Координаторите.

Погледнете ја табелата за Системот за имплементација на ИПА