Годишните работни програми за грантови (ГРП) ги идентификуваат оние грантови кои се планирани да бидат доделени во текот на годината, и тоа преку повици за доставување на предлози. ГРП за грантови содржи информации за легислативата, целите, како и распоредот на повиците за доставување на предлози, индикативниот износ и очекуваните резултати. Во случај на некоја значителна промена во текот на годината, ГРП за грантови ќе биде ажурирана и истата ќе биде објавена. Годишна работна програма за грантови е идикативна и потребно е заинтересираните страни внимателно да го следат и проверуваат Повиците за доставување на предлози (во делот Тендери), каде што се објавуваат поединечните повици со детални Упатства за апликантите.