Неправилности

Неправилност значи непочитување/ кршење на одредба на Европското законодавство или националните закони, кој резултира од пропуст/ грешка од страна на физички или правни лица кој би можело да има или веќе има ефект на загрозување на буџетот на Европските зедници или Буџетот на Република Македонија.

Изама претставува било какво намерна активност или пропуст/грешка направена со:

  • користење или преставување на фалсификувани, неправилни или некомплетирани докуметни, кој влијаат на несоодветно или погрешно задржување на средствата од буџетот на Европските заедници или  Буџетот на Република Македонија;
  • неоткривање на информации во врска со кршење на  специфична обврска;
  • злоупотреба на средствата за други цели, а не за оние за кои се наменети.

Постојат постапки за подигнување на свесноста за измами, корупција или други сериозни злоупотреби  во сите државни институции во Република Македонија. Обично први кои ќе го сфатат проблемот или сомневаат на него се оние кои работат со/во институцијата („заштита на правдата“). Вработените кои ќе ја исполнат оваа обврска се заштитени со законски одредби од Законот за државни службеници, Законот за спречување на корупција и Етичкиот кодекс на државните службеници.

Истата заштита е обезбедена за било кое друго лице кое пријавува нерегуларност, а кое не работи во засегнатата институција. Доверливост е исто така обезбедена за овие лица, но истите ќе бидат поканети од институциите да помогнат при процесот на истражување.

Ве охрабруваме да пријавите било каква сигурна или потенцијална нерегуларност поврзана со проектите финансирани од ИПА фондовите на следната адреса:
irregularities_ipa@finance.gov.mk

ЦФСД високо го цени и ќе го земе во предвид вашето активно учество во процесот на спречување на нерегуларностите за успешно и ефикасно користење на средствата од ИПА фондовите и од Буџетот на Република Македонија.

Исто така можете да пријавите нерегуларност преку следнава форма:

    ОЛАФ – Организација за борба против измама е служба за борба против измама на Европската Комисија. Функцијата на ОЛАФ е да врши истрага на случаи на измама на општиот буџет на Европската Унија, случаи на корупција и несоодветно однесување на Европските институции и да ги развива стратегиите на Европската Комисија за борба против измама.

    Врз основа на своето стекнатото знаење и искуство, ОЛАФ служи како подршка на институциите надлежни за управување на средствата од Европската Унија – во и вон Европската Унија – со цел нивно запознавање и соодветно разбирање на различните видови на измама, моменталните трендови, заканите и ризиците со цел заштита на интересите на Европската Унија и спречување на сите видови на измами.

    Пријавена измама – линк http://ec.europa.eu/anti_fraud/investigations/report-fraud/index_en.htm

    ОЛАФ Контакт – линк http://ec.europa.eu/anti_fraud/contacts/index_en.htm

    ОЛАФ – Збирка на Анонимни случаи – Структурни (фондови) активности

    ОЛАФ – Практикум на истраги спроведени од ОЛАФ поврзани со надворешна помош