Компонента I: Помош при транзиција и градење на институциите (ТАИБ)
Во согласност со член 64 од Регулативата за спроведување на ИПА (ЕК) бр.718/2007, помошта во рамките на ИПА Компонентата – Помош при транзиција и градење на институциите е доделена во следниве области:
- зајакнување на демократските институции и владеење на правото;
- унапредување и заштита на основните права и слободи
- freedoms;
- реформа на јавната администрација;
- реформи во областа на правдата и внатрешните работи;
- модернизација на правната рамка, вклучувајќи поддршка за инвестирање во опремувањето на клучните институции чија инфраструктура или капацитет за следење и примена на законодавството има потреба од зајакнување;
- воспоставување или зајакнување на финансиските системи за контрола;
- јакнење на пазарната економија;
- развој на граѓанското општество;
- воспоставување на социјален дијалог како клучен елемент на доброто владеење и промовирање на фер и праведни работни услови;
- промоција на интеграцијата на малцинствата, мерки за градење на довербата на сите нивоа во општеството;
- политика за животната средина;
- подобрување на пристапот до финансиски олеснувања за мали и средни претпријатија и јавни администрации;
- институционална надградба на полето на нуклеарната сигурност, управување со радиоактивен отпад и заштита од радијација;
- поддршка за учество во програмите на Заедницата.
Помошта е достапна на институциите на централно, регионално и локално ниво, но истовремено ќе дава поддршка на организациите кои имаат важна улога во подготовката на Република Македонија за пристапување кон ЕУ и спроведување на правото на Европската Унија аcquis communautaire.
Помошта во рамките на ИПА Компонента I – ТАИБ може да биде доделена преку:
- инструменти за административна соработка (twinning, twinning light и TAIEX);
- техничка помош;
- инвестиции во регулаторната инфраструктура;
- грантови шеми;
- тело за подготовка на проекти;
- овозможување на пристап до финансиски олеснувања во соработка со финансиските инструменти;
- буџетска поддршка.
за повеќе информации погледнете на:
https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/instruments/funding-by-country/north-macedonia_en
Оперативна структура за ИПА Компонентата I – Помош при транзиција и градење на институциите (ТАИБ) во Република Македонија
Оперативна структура за ИПА Компонента I во Република Македонијае основана како збир на тела одговорни за управување и спроведување на ТАИБ Националните програми во согласност со принципот на стабилно финансиско управување, како и точка 6 од Анекс А од Рамковната спогодба и член 28 од Регулативата за спроведување на ИПА (ИПА ИР).
Согласно со член 12 од Владината Уредба за утврдување на меѓусебните односи на органите и структурите на децентрализирано управување со првите четири компоненти од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската Унија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 132/2008), листата на телата кои се дел од Оперативната структура за ИПА Компонента I е составена од:
- Сектор за централно финансирање и склучување на договри (ЦФЦД) во рамките на Министерството за финансии, претставувано од Програмскиот службеник за авторизација/ Раководител на оперативна структура (ПАО/ХОС);
- Релевантните сектори/ одделенија/ работни групи во рамките на ресорните министерства/ институции кориснички кои се корисници на проектите финансирани со ТАИБ Компонентата;
- Канцеларија за поддршка на НИПАК – Секретаријат за европски прашања;
- Одделенијата за внатрешна ревизија во релевантните ресорни министерства/ институции кориснички.
Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД)претставува главно тело во рамките на Оперативната структура за ТАИБ, раководено од Програмскиот службеник за авторизација (ПАО), единствено одговорен за спроведување на тендерските постапки, склучување на договори и извршување на плаќања на изведувачите на работа/ корисници на грант, како и водење на сметководство за проектите финансирани од ИПА. ЦФЦД е исто така одговорен за следење на спроведувањето на договорите, додека ПАО е одговорен за целосното функционирање на Оперативната структура за ТАИБ.
Задачите на оперативната структура кои се однесуваат на програмирање, техничко спроведување и следење на проектите финансирани од ИПА се делегирани на ресорните министерства и/или институции кориснички, претставувани од Виши програмски службеници (СПО).
Секретаријатот за европски прашања (СЕП) како канцеларија за подршка на НИПАКе одговорен за програмирање и следење и евалуација на ТАИБ Националните програми согласно член 75(1) од Регулативата за спроведување на ИПА. Исто така, СЕП има улога на секретаријат на ТАИБ Комитетот за следење и ИПА Комитетот за следење
Компонента I: Помош при транзиција и градење на институциите