Склучени договори
ИПА I (2007-2013)
Помошта на ЕУ во рамките на оваа компонента е всушност помош за градење на институционални капацитети и поддршка за исполнување на критериумите поврзани со усвојувањето на Законодавството на ЕУ (EU Acquis).
Како една од најважните компоненти на ИПА, компонентата ТАИБ е отворена за јавните власти на централно, регионално и локално ниво и исто така им дава поддршка на организациите кои имаат важна улога во помагањето на Република Македонија да се подготви за пристапување и спроведување на acquis.
Откако ИПА Компонентата I стана достапна од 2010 година, во рамките на системот на децентрализирана имплементација, повеќе од 20 јавни институции (министерства, регулаторни тела и други јавни институции) спроведуваат проекти во соодветни области. Оваа состојба претставува јасно внимание на нашите институции кон системот на финансиска соработка помеѓу Република Македонија и ЕУ и генерално кон процесот на пристапување кон ЕУ. Фокусот на помошта за ИПА во рамките на оваа компонента е усогласување на acquis, реформа на јавната администрација, реформи во правдата и внатрешните работи, зајакнување на пазарната економија, поддршка на економскиот развој, заштита на културното наследство, подобрување на квалитетот на статистиката, промовирање на интеграција на малцинствата, развој на граѓанското општество, политика за животна средина, реформа на образованието и здравствениот систем, теми за финансиска контрола итн.
Ажуриран Регистер на склучени договори во рамките на ИПА Компонентата I може да се најде на следниот линк:
Contracted Projects under IPA Component I – TAIB 2009 (September 2015)
Contracted Projects under IPA Component I – TAIB 2010 (September 2015)
Contracted Projects under IPA Component I – TAIB 2011 (March 2016)
Contracted Projects under IPA Component I – TAIB 2012 (October 2016)
Contracted Projects under IPA Component I – TAIB 2013 (December 2017)
Помошта од ЕУ во рамките на оваа компонента се доделува во областа на подобрување на транспортната (патна и железничка) инфраструктура, особено интерконекцијата и интероперабилност помеѓу националните мрежи, и помеѓу националните и транс-европските мрежи. Покрај тоа, се доделува помош за подобрување на заштитата на животната средина.
Откако ИПА компонентата III стана достапна од 2009 година, во рамките на системот на децентрализирана имплементација, повеќе од 15 проекти се спроведени во соодветни области. Имплементацијата на овие проекти ќе придонесе за модернизација на транспортната инфраструктура во земјата, како и за зголемување на заштитата на животната средина. Друг важен аспект на повеќето операции што се финансираат во рамките на оваа компонента е тоа што тие вклучуваат активности што придонесуваат за созревање и развој на идните инфраструктурни активности во овие две области. Ова дополнително придонесува за градење портфолио на приоритетни проекти што ќе бидат финансирани за време на прет-пристапниот период преку ИПА и преку структурни инструменти по пристапувањето во ЕУ.
Ажуриран Регистер на склучени договори во рамките на ИПА Компонентата III може да се најде на следниот линк:
Помошта од ЕУ во рамките на оваа компонента се доделува во областа на зголемување на прилагодливоста на работниците и претпријатијата, поттикнување на пристапот до вработување, борба против секаков вид дискриминација на пазарот на трудот, проширување и подобрување на инвестициите во човечки капитал итн. Помошта е насочена на три приоритетни области: вработување, образование и обука и социјална инклузија.
Откако ИПА компонентата IV стана достапна од 2009 година, во рамките на системот на децентрализирана имплементација, повеќе од 20 проекти се спроведени во соодветни области. Овие проекти ќе придонесат за привлекување и задржување на што повеќе лица во работен однос, за модернизирање на системот за социјална заштита, за зголемување на инвестициите во човечкиот капитал со цел да се постигне поголем раст, создавање на подобрени работни позиции и да се зголеми националната конкурентност на меѓународно ниво.
Ажуриран Регистер на склучени договори во рамките на ИПА Компонентата IV може да се најде на следниот линк:
ИПА II (2014-2020)
Инструментот за прет-пристапна помош (ИПА), како поддршка на Европската унија, продолжи да функционира и во периодот 2014-2020 година, преку новиот инструмент ИПА II.
Компонентите што беа применливи за ИПА I, во ИПА II се заменуваат со „области на дејствување“ и секторски пристап за управување со помошта. Новиот инструмент ИПА II е ориентиран кон резултатите. Карактеристика на новиот инструмент за прет-пристапна помош е долгорочното влијание на помошта, подобрување на состојбата во земјите-кориснички и помагање во процесот на пристапување.
Секторот за централно финансирање и склучување договори (ЦФСД) во рамките на Министерството за финансии останува да биде единствениот Договорен орган под индиректно управување со ИПА-помош одобрен за периодот 2014-2020 година (ИПА II) во однос на одговорностите за спроведување на тендерските постапки, потпишувањето договори и извршувањето на плаќањата. ЦФСД делува како Договорен орган во индиректно спроведување на следниве програми:
Акциската програма на Република Македонија за 2014 година има за цел да обезбеди помош за активности во следниве сектори: демократија и владеење, владеење на правото и основните права, конкурентност и иновации.
Секторското владеење на правото и основните права ќе биде опфатен преку три активности: „Поддршка на секторот за правда“, „Внатрешни работи: Имплементација на деловен континуитет и систем за обновување од катастрофи“ и „Внатрешни работи: понатамошен развој на капацитетите за истрага на местото на злосторството“. Финансиската помош ќе придонесе за подобрување на независноста, ефикасноста, отчетноста, професионализмот и компетентноста на судството и обвинителството со цел да се обезбеди подостапен правосуден систем, поефикасна и поправедна кривична истрага, гонење и судење и поефикасен и поефективен кривичен систем. Помошта понатаму ќе се фокусира на борбата против организираниот криминал, преку подобрување на капацитетите за вештачење.
Contracted projects under Country Action Programme for the year 2014 (December 2018)
Во областа на транспортот, животната средина и климатските активности, продолжувањето на помошта во рамките на ИПА II инструментот е обезбедено со Повеќегодишната акциска програма (2014-2020) за секторите за животна средина и климатски промени и транспорт. Оваа програма ќе придонесе за подобрување на заштитата на животната средина преку здраво управување со природните ресурси и намалување на загадувањето, придонесува за почиста животна средина и подобар квалитет на живот, како и понатамошна поддршка на развојот на транспортната мрежа на земјата во помодерна, побезбедна и повеќе еколошки транспортен систем.
Помошта дополнително ќе го поддржи усогласувањето на националното законодавство и ќе обезбеди поддршка за приближување на другите активности за заштита на животната средина и климата, како и во транспортниот сектор, барањата поврзани со ЕУ Acquis и соодветните стандарди.
Оваа програма опфаќа два сектори идентификувани во индикативниот стратешки документ за земјата, 2014-2020 година, а тоа се секторот за животната средина и климатски промени и сектророт за транспорт. Помошта за двата сектори ќе се обезбеди во рамките на повеќегодишните оперативни програми со поделени обврски.
Во однос на секторот за образование, вработување и социјална политика, кохерентноста на секторот се рефлектира во клучните предизвици и политичката интервенција на стратешката рамка која ќе се фокусира на ограничен број приоритети во областа на пазарот на трудот, политиките за вработување, човечките ресурси и развој навештини, како и политики за социјална инклузија и социјална заштита.
Во оваа насока, со цел да се продолжи со ИПА-помошта за секторот во земјата, како и во претходниот ИПА Инструмент (2007-2013), беше подготвена Акциска програма 2017 за секторот „Образование, вработување и социјална политика“ според ИПА II Инструмент (2014-2020), во консултација со граѓански организации, развојни партнери и други засегнати страни.
Акциската програма на земјата за 2017 година, која вклучува Акција 4: Поддршка на ЕУ за образование, вработување и социјална политика, предвидува спроведување на Резултат 2 (Праведен пристап до квалитетно инклузивно образование на сите нивоа) и Резултат 3 (Подобрување на можностите за вработување и пристап до пазарот на трудот и пристојна работа) под системот на индиректно управување.
Акциската програма ќе го поддржи финансирањето на реформите на ESPR Програмата, владината програма и под-секторските стратегии преку интервенции во четири приоритетни области:
- Зајакнување на управувањето, политиките и статистиката во секторот;
- Еднаков пристап до квалитетно инклузивно образование на сите нивоа;
- Подобрување на можностите за вработување и пристап до пазарот на трудот и пристојна работа;
- Подобрување на квалитетот и достапноста на социјалните услуги.