Инструмент за претпристапна помош (ИПА) Твининг Проект „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка за квалификации” Реф. бр.: MK IPA 17 SO 01 21 има потреба од ангажирање Преведувач/толкувач на постојаниот твининг советник (ПТС преведувач/толкувач)
Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка за квалификации“ е заеднички проект помеѓу Република Северна Македонија и Република Литванија, претставуван од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и Министерството за образование, наука и спорт на Република Литванија.
Главната цел на проектот, кој е имплементиран од конзорциум од релевантни државни институции од Литванија, Франција и Словенија, е дополнително зајакнување и операционализација на Националната рамка за квалификации (НРК), со цел да се зголеми вработливоста, мобилноста и социјалната интеграција на работниците и учениците.
Проектот бара преведувач/толкувач на постојаниот твининг советник (ПТС преведувач/толкувач) чии активности вклучуваат помош на ПТС во координацијата и управувањето со твининг проектот преку активности кои вклучуваат превод и толкување за време на имплементацијата на проектот.