Од јуни 2017 година па се до неговиот крај во јули оваа година, проектот „Зајакнување на општинското владеење“, исто така познат како „Go Local“, ги поддржуваше општините во зајакнување на сите аспекти од локалното владеење и унапредување на процесот на децентрализација. Преку грант шемата на проектот се спроведоа 40 проекти за подобрување на квалитетот на живот на локално ниво – од реновации на училишта и поставување на пешачки патеки, до набавка на опрема за собирање на отпад и опремување на првиот регионален стационар за згрижување на кучиња скитници. Поради ограничувањата за собири воведени за справување со пандемијата на КОВИД-19, овој завршен настан се одржува во форма на видео премиера со однапред снимени материјали, но со отворена можност за ваши коментари и прашања.
Програма:
13:00 – Поздравни обраќања:
Никола Бертолини, Раководител на одделот за соработка во мисијата на ЕУ во Скопје
Горан Милевски, Министер за локална самоуправа
Нарине Сахакјан, Постојана претставничка на УНДП
13:13 – Вовед во активностите на проектот и искуствата на градоначалниците од Свети Николе, Зелениково, Старо Нагоричане и Боговиње
13:27 – Видео прилог: Постигнувања во унапредување на управувањето со комуналниот отпад
13:33 – Изјави на градоначалниците на тема ефективна општинска администрација
13:35 – Видео прилог: Постигнувања во обучувањето на општинската администрација и развојот на иновативни дигитални решенија за унапредување на локалниот развој
13:41 – Прашања од градоначалниците и одговори од ЕУ, Министерство за локална самоуправа и УНДП
13:52 – Крај на настанот
Проектот „Зајакнување на општинското владеење“ е финансиран од Европската унија и спроведен од УНДП во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии, ЗЕЛС и општините во земјата.