Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објавува: Конкурс за вработување на проектот “Активација на ранливи групи на пазарот на трудот” финансиран од Европската Унија.

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија има потреба од засновање на работен однос со вкупно 6 (шест) извршители во проектната единица за имплементација на ИПА и други проекти финансирани од странска помош, на определено работно време во траење од 36 месеци, за следните работни места:

1. ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР – 1 (еден) извршител
2. КООРДИНАТОР НА ПРОГРАМА ЗА СОВЕТУВАЊЕ И МОТИВАЦИЈА – 1 (еден) извршител
3. КООРДИНАТОР НА ПРОГРАМА ЗА ВРАБОТЛИВОСТ – 1 (еден) извршител
4. СЛУЖБЕНИК ЗА НАБАВКИ – 1 (еден) извршител
5. СМЕТКОВОДИТЕЛ – 1 (еден) извршител
6. СЛУЖБЕНИК ЗА МОНИТОРИНГ – 1 (еден) извршител

Период на вработување: 36 месеци
Локација: Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија – Централна служба, ул. Васил Ѓоргов бр. 43, 1000 Скопје.
Краен рок за аплицирање: 15 ноември 2019 до 15:30

 

⇓ Услови за работа