Официјалниот настан за започнување на проектот „Подобрување на условите за работа“ се одржа на 19 декември 2019 година со почеток во 14:30 часот во просториите на Клубот на Пратеници – Скопје.
Целта на конференцијата беше официјално претставување на проектот „Подобрување на условите за работа“, во коe беа презентирани активностите и планови за работа во рамки на проектoт.
Прoектот за услуги вреден 855.440,00 Евра, ќе биде имплементиран од страна на Арчидата с.р.л. – Италија и нејзините партнери од конзорциумот во период од 24 (дваесет и четири) месеци и истиот е финансиран во рамки на Годишната акциска програма за 2017 година – Поддршка за образование, вработување и социјална политика од страна на Европската Унија – ИПА II.
Општа цел на проектот е да поттикне создавање работни места во формалната економија и намалување на непријавената работа и воедно да стимулира поголема економска активност на жените на пазарот на трудот.
На настанот свое обраќање имаа Министерката за труд и социјална политика, г-ѓа Мила Царовска, како и Раководителот за соработка во Делегацијата на Европската Унија во Скопје, г-дин Никола Бертолини.
Институција корисник на овој проект e Министерството за труд и социјална политика.