ИПА Компонента I – Помош при транзиција и градење на институции е компонента поврзана со усвојување на acquis communautaire и неговата примена, како и градење на институциите. Оваа компонента треба да и помогне на Владата на Република Македонија во градење административниот и судскиот капацитет во процесот на исполнување на Копенхагенските политички и економски критериуми за пристап во ЕУ. Помошта е ставена на располагање на државните органи на централно, регионално и локално ниво и дава поддршка на други организации кои имаат важна улога во помагањето на Република Македонија да се подготви за пристапување во ЕУ и имплементација на правото на ЕУ (на пр. организации кои се вклучени во социјалниот дијалог, како организации на работодавачите и синдикатите, професионални организации, како што се стопански комори и земјоделски здруженија, како и други претставнички тела).