Структурните фондови се финансиски инструменти на Европската унија (ЕУ) за регионална политика, која е наменета за да ги намали развојните разлики меѓу регионите во земјите-членки на ЕУ и да промовира еднакви можности за сите. Фондовите се целосно наменети за спроведување на целите на економската, социјалната и територијалната кохезија. Овие фондови се израз на солидарност меѓу земјите-членки и регионите во ЕУ. Секои три години Европската комисија подготвува извештај за напредокот во постигнување економска и социјална кохезија и за начинот на политиките на Заедницата за постигнување на кохезија. Структурните фондови се администрираат од страна на Комисијата. Структурните фондови се состојат од фондови за земјоделие, за регионален развој, за социјалната сфера и за рибарство.