Целта на оваа функција во ЦФЦД е да се подобри ефикасноста и квалитетот на спроведувањето на проекти финансирани од ИПА. Функцијата е посебна од другите функции во ЦФЦД иако е сместена во Одделението за контрола и општи работи и се однесува на контрола на квалитетот на сите документи поврзани со тендерската постапка и постапката на склучување договори. Надлежниот персонал ќе врши техничка верификација и контрола на усогласеноста на сите документи кои се однесуваат на тендерската постапка и постапката на склучување договори, како и на некои документи поврзани со процесот на мониторинг. Функцијата е составен дел на системот за управување и контрола во ЦФЦД, која гарантира за техничкиот квалитет на документите и сообразност со утврдените правила.