Организациска структура
ЦФСД е основан во Јуни 2007 година, како сектор во рамките на Министерството за финансии и тело надлежно за склучување на договори во рамките на системот за децентрализирано спроведување на проектите финансирани од ИПА Компоненти I-IV.
ЦФСД во својата организациската структура вклучува четири одделенија, кои извршуваат различни функции во процесот на спроведување на ИПА, со цел на крајот да се овозможи поделба на надлежностите и избегнување на конфликт на интереси. Одделенијата во ЦФСД се следниве:
Одделението за ЕУ јавни набавки и склучување договори е одговорно да ги спроведува соодветните постапки за набавка и за склучување на договори во согласност со административните, процедуралните и правни барања наведени во Прирачникот на склучување договори за активности со трети земји на Европската комисија (PRAG). Одеделението врши:
- подготвување и административна контрола на тендерска документација;
- организирање на постапки за оценка на понуди;
- подготвување на претквалификација / извештаи од евалуација;
- подготвување на договори кои треба да се потпишат од потенцијалните изведувачи / корисници на грантови;
- подготвување на модификации / дополнувања на договори и носење на одлуки по примени жалби (во случај доколку ги има).
Одделението за контрола на квалитет ги извршува следниве функции:
- контрола на квалитет;
- подготовка на анализа за научени лекции;
- врши анализи на најчести грешки во тендерска документација.
Одделението за следење на проекти го надгледува процесот на имплементацијата на проекти во согласност со потпишаните договори, преку:
- надгледување на напредокот во спроведувањето на договорите;
- следење дали реализацијата на договорите е во согласност со одредбите во договорот;
- врши проверки на самото место на спроведување на договорите;
- подготвува месечни извештаи за напредок и годишни извештаи за спроведувањето;
- врши функција на Секретаријат на Секторскиот комитет за следење на ИПА Компонентите III и IV.
Одделението за финансиски работи обезбедува стабилно финансиско управување преку:
- подготвување на финансиски податоци и финансиски извештаи и нивно доставување до Националниот координатор за авторизација (НАО);
- доставување на барањата за плаќања до Националниот Фонд (НФ);
- извршува плаќања по доставени фактури од страна на изведувачите / корисниците на грантови;
- врши проверка на подобноста на трошоците, пријавени од страна на изведувачите / корисниците на грантови во доставени фактури / барања за плаќања и проверка;
- доставување на целосни податоци до НАО/НФ во врска со средствата за кофинасирање на проектите финансирани преку ИПА во текот на изготвување на буџетот;
- сметководство.
Одделението за општи работи ги извршува следниве функции:
- управување со човечки ресурси;
- управување со неправилности;
- управување со ризик;
- поддршка на ХОС во вршење на надзор на работењето; на Оперативната структура како целина;
- административна поддршка на ЦФЦД.