Ч.П.П. ( Често поставувани прашања)
Целта на Инструментот за претпристапна помош на Република Северна Македонија е постепено да се усогласи Република Северна Македонија, како земја-кандидат со стандардите и политиките на Европската унија, вклучително и законодавството на ЕУ, во поглед на членството во ЕУ.
Во контекст на помошта обезбедена во претпристапниот процес, децентрализираното управување значи подобрување на сопственоста на управувањето со помошта од страна на релевантните национални власти во Република Северна Македонија, барем во однос на активностите поврзани со тендери, договори и плаќања. Сите одлуки во врска со набавката и доделувањето на договорите донесени од Договорниот орган ќе бидат предмет на ex-ante одобрување од Европската комисија.
Не, истите правила важат за сите подобни понудувачи, без разлика дали се со седиште во Македонија или во странство. За време на постапките за набавка, договорниот орган мора да исполнува услови за обезбедување еднаков третман, што значи дека сите понудувачи мора да бидат третирани еднакво, а оценувачите да останат непристрасни.
Строгите правила што го регулираат начинот на доделување на договорите помагаат да се обезбеди соодветно квалификувани изведувачи да бидат избрани без пристрасност и да се добие најдобра вредност за парите, со целосна транспарентност соодветна на употребата на јавните средства.
ЦФСД во Министерството за финансии дејствува како Договорен орган за ИПА компонентите I-IV и е одговорен за сите активности со тендери, договори и плаќања. ЦФСД организира проценка и избор на понуди, додека вистинската проценка на понудите ја вршат квалификувани експерти (оценувачи) номинирани од релевантни институции и повикани од ЦФСД.
Евалуацијата и изборот се организираат според јасни и транспарентни процедурални правила утврдени со Практичниот водич на Европската комисија за договорни постапки за надворешни активности на ЕК.
Сите тендерски и договорни активности што ќе се применуваат во текот на фазата на склучување договори од страна на договорниот орган ќе бидат во согласност со процедуралните правила од Практичниот водич на Европската комисија за договорни постапки за надворешни активности на Европската комисија (Правила на PRAG).
Во случај на непочитување на процедурите утврдени во Правилата на PRAG, трошоците поврзани со вклучените операции не се квалификувани во однос на финансирањето на Заедницата.
https://ec.europa.eu/europeaid/prag/
Македонското законодавство, имено Законот за јавни набавки и соодветните подзаконски акти не се применливи за набавки финансирани од ИПА.
Учеството во доделувањето на договори за грантови е отворено под еднакви услови за сите физички и правни лица имајќи предвид дека грантот може да се даде само за операција чија непосредна цел е некомерцијална. Грантовите од буџетот на ЕУ не се наменети за заработка.
За детални информации во врска со ова прашање, обратете се на:
Да, твинингот е инструмент за градење институции што може да се финансира од ИПА. Твининг проект е заеднички проект помеѓу државните администрации на Република Северна Македонија и земјите-членки на ЕУ. Не станува збор за еднонасочна испорака на техничка помош од земјите-членки, туку земјата-корисничка се обврзува да преземе и финансира реформи, додека земјата-членка го поддржува процесот за време на траењето на проектот.
Администрација на која било земја-членка (ЗЧ) автоматски се квалификува како твининг партнер. Сепак, Комисијата може да донесе одлука, по предлог даден од ЗЧ, да се дозволи одредено полу-јавно тело на ЗЧ да има мандат да спроведува твининг-проекти според истите услови, како да се составен дел од администрацијата. За детален список на мандатните тела по ЗЧ види:
Програмата за транснационална соработка на ЈИЕ поддржува транснационални партнерства во регионот на ЈИЕ со цел да се олеснат конкретни и видливи проекти за територијална соработка низ следниве приоритетни оски:
- Развој на иновативниот капацитет
- Подобрување на пристапноста
- Промоција на одржлив развој на метрополите и регионалните системи на населени места
- Заштита и подобрување на животната средина.
Според оваа програма, јавните власти и другите јавни тела од подобниот регион на ЈИЕ можат заеднички да поднесат предлог-проекти што ќе бидат финансирани во рамките на ЕРДФ и ИПА. Телата за управување и спроведување на оваа програма се со седиште во Будимпешта, Унгарија и во земјите партнери. Партнери од следниве земји / региони имаат право да аплицираат: Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Романија, Хрватска, Македонија, Грција, Унгарија, Италија (посочени региони), Србија, Црна Гора, Словачка, Словенија, Турција (посочени региони ), Молдавија, Украина (посочени региони).
За повеќе информации, видете на: http://www.southeast-europe.net/en/.
Регионалната програма ИПА е финансирана во рамките на компонентата ТАИБ ИПА и се спроведува од страна на Комисијата на централизирана основа. Тоа вклучува проектни документи (Project Fiches) развиени во рамките на следниве програми:
- Хоризонтална програма за Темпус, Еразмус Мундус и Млади во акција на Западен Балкан,
- Регионална програма за поддршка на ажурирање, имплементација и следење на стратегиите за интегрирано управување со границите и сродните планови за акција и развој на регионални и прекугранични иницијативи и
- Регионална програма за развој на трговијата на Западен Балкан.