Компонента IV: Развој на човечки ресурси (ХРД)
Во согласност со член 151 од Регулативата за спроведување на ИПА (ЕК) бр. 718/ 2007, помошта во рамките на ИПА Компонентата за Развој на човечки ресурси е доделена за следниве приоритети:
- зголемување на адаптабилноста на работниците, претпријатијата, претприемачите, во поглед на подобрување на предвидувањето и позитивно управување со економските промени;
- подобрување на пристапот до вработеноста и одржливо приклучување на пазарот на труд на оние кои бараат работа и неактивните луѓе,
- спречување на невработеноста и долгорочната невработеност кај младите, охрабрување на активното стареење и да пролонгирање на работниот век, кско и зголемување на учеството на пазарот на труд;
- јакнење на социјалното приклучување и интеграцијата на луѓето со недостаток, во поглед на нивна одржлива интеграција во вработеноста, и борба против сите видови на дискриминација на пазарот на труд;
- промовирање на партнерство, сојузи и иницијативи преку вмрежување на релевантните засегнати страни, на пример социјални партнери и невладини организации, на национално, регионално, локално ниво;
- вработување и вклучување на пазарот на труд;
- проширување и подобрување на инвестирањето во човечкиот капитал;
- зајакнување на инстутуционалниот капацитет и ефикасноста на јавната администрација и јавните услуги на национално, регионално и локално ниво и, каде е релевантно, социјалните партнери и невладините организации во поглед на реформа и добро владеење со вработеноста, образованието, и
- обука.
Техничката помош доделена во рамките на ИПА Компонентата за Развој на човечки ресурси може да ја поддржува подготовката, управувањето, следењето, административната поддршка, информациите, евалуацијата и контролните активности во програмирањето, и подготвителни активности во поглед на идното управување со европските Структурни фондови.
За повеќе информации погледнете на:
https://ec.europa.eu/neighbourhood-enlargement/instruments/funding-by-country/north-macedonia_en
Оперативна структура за ИПА Компонентата за Развој на човечки ресурси во Република Македонија
Оперативната структура за ИПА Компонентата за развој на човечки ресурси во Република Македонија претставува збир на тела, одговорни за управување и спроведување на Оперативната програма за Развој на човечки ресурси (ОПХРД) во согласност со принципот на сигурно финансиско управување, според точка 6 од Анекс А од Рамковната спогодба и член 28 од Регулативата за спроведување на ИПА (ИПА ИР). Во согласност со член 16 од Владината Уредба за утврдување на меѓусебните односи на органите и структурите на децентрализирано управување со првите четири компоненти од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) на Европската Унија(„Службен весник на Република Македониа“ бр. 132/2008), листата на телата кои се дел од Оперативната структура за ИПА Компонента Развој на човечки ресурси во Република Македонија е составена од:
- Сектор за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) – Сектор во рамките на Министерството за финансии, претставувано од Раководителот на ЦФЦД, кој воедно има улога и на Раководител на оперативната структура;
- Релевантните сектор/ одделенија во Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука.
Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) претставува главно тело во рамките на оперативната структура за ИПА Компонентата за Развој на човечки ресурси, раководено од Раководителот на оперативната структура (РОС), единствено одговорен за спроведување на тендерски постапки, склучување на договори и извршување на плаќања на изведувачите на работа, како и за водење на сметководството за проектите финансирани од ИПА. ЦФЦД е исто така одговорен за следење на спроведувањето на програмата/ проектите, како и за надзор на операциите и функционирањето на оперативната структура за ИПА Компонентата за Развој на човечки ресурси. ЦФЦД истовремено има улога и на Секретаријат за Секторскиот комитет за следење на ИПА Компонентата за Развој на човечки ресурси. Дел од задачите на оперативната структура кои се однесуваат на програмирање, техничка имплементација и следење на на проектите финансирани од ИПА се делегирани од страна на РОС на Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука, претставувани од ИПА Координаторите, одговорни за навремено, ефикасно и ефективно спроведување на овие задачи. Владата на Република Македонија го назначи Заменик претседателот на Владата за економски прашања за Стратешки координатор за ИПА Компонентите Регионален развој и Развој на човечки ресурси. Во согласност со член 23 од Регулативата за спроведување на ИПА (ЕК) бр. 718/ 2007, главната одговорност на Стратешкиот координатор е да ја координира помошта доделена во рамките на ИПА компонентите Регионален развој и Развој на човечки ресурси, под одговорност на Националниот ИПА координатор, но без директна вмешаност во спроведувањето на овие компоненти.