Адаптација/реновирање на канцелариите на Основното јавно обвинителство

Секторот за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) при Министерството за финансии има намера да додели договор за изведба на градежни работи “Адаптација/реновирање на канцелариите на Основното јавно обвинителство”. Договорот е поделен во два лота и тоа: Лот 1 – Адаптација/реновирање на канцелариите на Основното јавно обвинителство во Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Битола и Кавадарци и Лот 2 – Адаптација/реновирање на канцелариите на Основното јавно обвинителство во Велес, Куманово, Штип и Струмица.
Договорот за градежни работи се однесува на адаптација/реновирање на канцелариите на Основното јавно обвинителство. Градежните работите ќе се спроведуваат според ПРАГ условите за договорот. Со цел подобрување на целокупните услови на правосудните институции во земјата заради поефективни реформи во правниот сектор, а во согласност со ЕУ и меѓународните стандарди, договорот ќе вклучува изградба на простории на 11 канцеларии на јавното обвинителство на целата територија на државата. Се предвидува дека реконструкцијата на овие простории ќе вклучува адаптација на просториите во согласност со бараните стандарди и вклучува основна замена на внатрешниот ентериер, со внатрешни и надворешни електрични инсталации, тоалети, подобрување на инсталациите за греење, опремување на просториите.
Договорот ќе биде имплементиран во согласност со PRAG правилата и процедури за имплементација на договори за градење, со финансиска поддршка од ИПА Програмата. Тендерската документација (без цртежите) е достапнa на веб страната на EuropeAid: https://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/index.cfm?do=publi.welcome, како и на веб страната на ЦФСД http://cfcd.finance.gov.mk.
Целокупното тендерско досие (со цртежи) е достапно во CD формат во Министерството за финансии, Сектор за централно финансирање и склучување на договори (ЦФСД), ул. „Даме Груев“ бр. 12, 1000 Скопје, e-mail: cfcd@finance.gov.mk, по уплата од 200 евра за по лот, без вклучени трошоци за поштенски услуги.
Сумата уплатена на тендерското досие не се рефундира.
Заинтересираните понудувачи треба да го овластат лицето кое ќе го подигне тендерското досие. По уплатата од 200 евра за тендерскотот досие по лот на банкарската сметка наведена подолу, понудувачите може да го добијат тендерското досие од страна на договорниот орган.
Кандидатот/понудувачот треба да обрне внимание на фактот дека постојат два различни системи за испраќање на апликации/понуди, или по пат на пошта или приватна поштенска услуга или пак по пат на достава на рака.
Во првиот случај, апликацијата/понудата мора да биде испратена пред датумот или временски рок за достава, утврден со поштенски печат или доставница, а во вториот случај тоа е потврда за прием издадена во моментот на доставување на апликацијата/понудата која ќе послужи како доказ.
Краен рок за поднесување на понудите е 29 октомври 2018 година пред 12:00 часот по локално време во просториите на Министерството за финансии, Сектор за централно финансирање и склучување договори (ЦФСД), ул. „Даме Груев“ бр. 12, 1000 Скопје.
Евентуални појаснувања или мали промени на тендерското досие ќе бидат објавени на интернет страницата на Генералниот Директорат за меѓународна соработка и развој: https://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/index.cfm?do=publi.welcome најдоцна 11 дена пред крајниот рок како и на веб страната на Секторот за централно финансирање и склучување договори: http://cfcd.finance.gov.mk.

Објава на локален тендер во службен весник