Завршен настан на проектот “Зајакнување на административните капацитети на секторот за енергетика во Министерството за економија и Агенцијата за енергетика”

Завршниот настан на проектот “Зајакнување на административните капацитети на секторот за енергетика во Министерството за економија и Агенцијата за енергетика”, се одржа во четврток, 13 август во 10 часот во хотел Холидеј Ин, Скопје.

На настанот се обратија г-н Беким Незири – Министер за економија, г-н Мартин Клауке – Раководител на операции при Делегацијата на ЕУ и г-а Гордана Јуруковска – директор на проектот од АТЦ Виена.

Проектниот директор ги презентираше резултатите од проектот.

Целта на овој договор беше зајакнување на институционалните капацитети на Секторот за енергетика при Министерството за економија и Агенцијата за енергетика, за развој, следење и евалуација на реформите во енергетскиот сектор потребни за усогласување со енергетските закони и други ЕУ регулативи.

Проектот траеше 24 месеци и произведе нацрт верзија од законот за енергетика и законот за биогорива, како и неколку стратешки документи важни за понатамошен развој на секторот за енергетика, прирачник за потенцијални инвеститори и извештаи во врска со регулативите во Македонија и ЕУ. Капацитетите на Секторот за енергетика и Агенцијата за енергетика беа подобрени во овозможување да работат на поефикасен начин и да обезбедат усогласеност со енергетските закони во ЕУ.

Проектот беше финансиран од ЕУ, со буџет од 1.6 милиони евра од кои 10% беа домашно финансирање. Проектот траеше од август 2013 до август 2015.

 Pic 01 Pic 02 Pic 03