Завршна конференција на финансираниот проект на ЕУ “Унапредување на алтернативните услуги за згрижување на деца”

Child-Care-777x306

Проект, кој е финансиски поддржан од ЕУ, “Унапредување на алтернативните услуги за згрижување на деца” беше имплементиран од страна на конзорциумот сочинет од WYG International (лидер), ESEP Ltd и WYG Savjetovanie doo. Главен корисник беше Министерството за труд и социјална политика. Времетраењето на проектот беше 30 месеци (февруари 2015 – август 2017) со буџет од 1.192.638 ЕУР.

Проектот имаше за цел да го подобри вработувањето за сите и да го зголеми учеството на родителите со мали деца на пазарот на труд со подобрување на националната работна околина.

Проектот исто така поддржа развој на нови форми на алтернативни услуги за згрижување на деца кои ќе ја збогатат понудата со достапни, флексибилни и квалитетни услуги за згрижување на деца кои ќе ги исполнат различните потреби на семејствата со мали деца.

За време на периодот на имплементација на проектот, проектниот тим спроведе четири национални истражувања, помеѓу 2.400 родители, 200 потенцијални згрижувачи на деца, 75 локални самоуправи и 104 компании, да подобри знаењето за побарувачката и набавка на услугите за згрижување на деца. Беа развиени повеќе 50 документи за развој на политики и препораки за подобрување на флексибилните услуги за згрижување на деца, и исто така беа предложени амандмани за прилагодување на правната рамка. 22 невработени жени беа обучувани и поддржани да се само вработат како домашни згрижувачи на деца, додека 12 компании со повее од 50 вработени беа поддржани да воспостават слуги за згрижување на деца во рамки на компанијата или други решенија.

Целта на Завршната конференција е да спојат креаторите на политиките, давателите на услугите и сите заинтересирани страни од секторот за згрижување на деца, да се дискутира за достигнувањата и предизвиците на проектната имплементација.

Во програмата на конференцијата е закажано доделување на сертификати за домашните згрижувачи на деца.