Твининг проект “Поддршка во реформата на националната полиција и кривичното право”

p-SAM_3364

Општата цел на проектот е да се поддржи Министерството за внатрешни работи во подобрувањето на истрага на кривични случаи. Целта на проектот е да се зајакнат капацитетите на Бирото за јавна безбедност при работата на терен, особено на единиците на регионално и локално ниво во областа на кривичните истраги, вклучувајќи ја и соработката со Јавното обвинителство.

Вкупниот износ на проектот е 1,080,000, 00 ЕУР.

Имплементатор на проектот е NI-CO Ltd (Northern Ireland Co-operation Overseas).

Корисник на проектот е Министерството за внатрешни работи и Бирото за јавна безбедност.