Повик за изразување интерес за професионална експертиза во областа на унапредувањето на социјалниот дијалог

Проект Унапредување на социјалниот дијалог
Повик за изразување интерес
за професионална експертиза во областа на унапредувањето на социјалниот дијалог
Градење капацитет на Националниот и локалните економско-социјални совети
Проектот за унапредување на социјалниот дијалог во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) е финансиран од ЕУ, а го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ). Крајната цел на овој проект е да се подобри трипартитниот и бипартитниот социјален дијалог како начин за постигнување економски развој и социјален напредок. Тоа ќе се постигне преку подобрување на капацитетите на институциите и унапредување на законодавството, заедно со активностите насочени кон зајакнување на капацитетите на трипартитните актери на пазарот на трудот, за ефективно вклучување во социјален дијалог.
Проектот има сеопфатен пристап и има за цел да обезбеди техничка поддршка на институциите и учесниците во процесот на социјален дијалог, вклучувајќи колективно договарање на национално, гранково и локално ниво.
Проектот се состои од три меѓусебно поврзани компоненти:
1. Зајакнување на социјалниот дијалог на национално и локално ниво;
2. Поттикнување на колективното договарање и воспоставување инфраструктура за колективно договарање на ниво на сектор;
3. Воспоставување механизам за мирно решавање на работните спорови.
Овој повик за изразување интерес е наменет за консултанти/консултантски фирми кои би биле ангажирани во обуки за градење капацитет на членовите од постојаните комисии во рамки на Националниот и локалните економско-соијални совети, на следните теми: Меѓународни стандарди за трудот за агенциите за привремено вработување и работни односи; политика и утврдување плати, вклучувајќи минимална плата; родова еднаквост и недискриминација; политика за вработување; социјална сигурност и заштита; безбедност и здравје при работа; мaкроекономски концепт, вклучувајќи неформална економија.

Услови за работа