Повик за изразување интерес за обезбедување услуги за превод и толкување од албански на македонски јазик и обратно

Унапредување на социјалниот дијалог

Повик за изразување интерес за
обезбедување услуги за превод и толкување од албански на македонски јазик и обратно

Проектот има потреба од преведувачи/толкувачи од албански јазик на македонски јазик и од македонски на албански јазик.

Потребни вештини и искуство:

• Завршен филолошки факултет;
• Познавање на македонски и албански јазик на ниво на мајчин јазик;
• Минимум 5 годишно искуство во превод/толкување од областа на трудовото право, работните односи, социјалниот дијалог и мирното решавање спорови;
• Добро познавање на MS Office.

Пратете кратка биографија на: simjanoska@ilo.org; jovanovska@ilo.org најдоцна до 6 јуни 2016 г.

Ангажирањето и плаќањето на преведувачите/толкувачите е во согласност со условите на Меѓународната организација на трудот.

Услови за работа