Оглас за вработување: 1 советник за подготовка на програми и проекти во рамки на ОПРЧР и 1 советник за подготовка на тендерска документација

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА

во рамки на проектот „Директно финансирање на трошоците кои произлегуваат од функционирањето на Оперативната структура за ИПА компонентата за Развој на човечки ресурси“, финансиран од страна на Европската Унија, во рамките на четвртата компонента од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС
за засновање на работен однос на определено време во
Министерството за образование и наука

Огласот опфаќа вработување на 2 (две) лица на определено време за период до 31.12.2017 година, кои ќе работат во Проектната единица за спроведување на Оперативната програма за развој на човечки ресурси и тоа за следните работни места:

-    Реден број 1 – Советник за подготовка на програми и проекти во рамки на ОПРЧР – 1 (еден) извршител
-    Реден број 2- Советник за подготовка на тендерска документација – 1 (еден) извршител

Јавниот оглас трае 10 (десет) работни дена од денот на објавување, односно заклучно со 24.03.2016 година до 16:30 часот, а изборот на кандидатите ќе се изврши најдоцна до 04.04.2016 година.

Бараните документи се доставуваат во затворен коверт со напомена: “Да не се отвора”, на следнава адреса:

Министерство за образование и наука
Одделение за управување со човечки ресурси
бул. Св. „Кирил и Методиј“ 54 Скопје
(со назнака “за оглас”)
Скопје

На спротивната страна на ковертот да се наведе редниот број на работното место за кое се аплицира, со напомена: “Да не се отвора”.

Ненавремена, нецелосна и некомплетна пријава и документација нема да биде разгледана.

Кандидатите со уредна документација и кои ги исполнуваат наведените услови ќе бидат повикани на интервју во Министерството за чија потреба се објавува огласот.

Услови за работа