Поими од Глосар

Европски фонд за регионален развој

Од 1975 ЕРДФ има обезбедено поддршка за креирањето на инфраструктура и инвестиции за создавање на работни места. Овој инструмент има за цел да ги намали разликите во регионален развој, примарно преку продуктивни инвестиции, создавање и модернизација на инфраструктурата, мерки за [... Поопширно]

Заеднички комитет за следење

Заеднички комитет за следење (ЗКС) е орган формиран од претставници од земјите учеснички во прекуграничните програми со цел правилно спроведување на програмата. ЗКС обезбедува дека спроведувањето на прекуграничната програма се врши ефикасно и квалитетно и во согласност со одредбите во [... Поопширно]

Заедничкиот технички секретаријат

Заедничкиот технички секретаријат (ЗТС) е орган формиран од органот на управување на прекуграничната програма и претставници од земјите-учеснички или од оперативните структури во земјите-учеснички во прекуграничната програма со цел помагање на тие тела и ЗКС при извршување на нивните должности. [... Поопширно]

Законитост

Законитоста во случајот на ДИС во Република Македонија претставува сообразност со законитоста на правните акти кои се прифатени како правна основа за сите ДИС активности и трансакции, преку кои овие активности и трансакции имаат правна сила. Тоа всушност претставува согласност [... Поопширно]

Земја корисничка

Земја корисничка е земја/држава надвор од Европската унија, со која на Европските заедници се согласија да има програма за соработка.

ИПА Компонента I – Помош при транзиција и градење на институции

ИПА Компонента I – Помош при транзиција и градење на институции е компонента поврзана со усвојување на acquis communautaire и неговата примена, како и градење на институциите. Оваа компонента треба да и помогне на Владата на Република Македонија во градење [... Поопширно]

ИПА Компонента IV – Развој на човечки ресурси

Целта на ИПА Компонентата IV – Развој на човечки ресурси е да и помогне на Република Македонија во остварувањето на стандардите на ЕУ во поглед на вработување, социјална вклученост, рамноправност меѓу половите, образование и обука, како што е утврдено во [... Поопширно]

ИПА координатор

ИПА координаторот е службеник назначен во рамките на ресорното министерство или институцијата корисничка под ИПА Компонента II, ИПА Компонента III или ИПА Компонента IV, одговорен за техничките аспекти на имплементација на проектите кои се имплементираат во рамките на овие министерства/институции, [... Поопширно]

Комитет за следење на ИПА

Комитетот за следење на ИПА е главно тело за следење на имплементација на ИПА на ниво на земја-корисничка. Комитетот е составен од претставници на Европската комисија, Националниот ИПА координатор (НИПАК), Националниот координатор за авторизација, Стратешкиот координатор и претставници на Оперативните [... Поопширно]

Кохезивен фонд

Во согласност со член 130 (д) од Договорот за ЕЗ и со цел да се забрза економската, социјалната и територијалната кохезија, Европската Унија го создаде Кохезивен фонд во 1994 година. Целта на Кохезивниот фонд е да обезбеди финансирање на животната [... Поопширно]