ЦФЦД, како хоризонтално тело во рамките на Оперативните структури, го спроведуваше проектот „Подобрување на функцијата обезбедување на квалитет и функцијата верификација на трошоците во Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) во Министерството за финансии за програми финансирани во рамки на ИПА Компонентите I, III и IV“, кој започна со реализација во декември 2015 година и истиот е финансиран преку Националната програма ТАИБ 2011. Проектот беше наменет за вработените во ЦФЦД и неговата специфична цел беше зголемување на ефикасноста и ефективноста на функцијата за контрола на квалитет и верификација на трошоците од Договорите за грант, во насока на подобрување на управувањето, спроведувањето и следењето на портфолиото на проекти во ЦФЦД, финансирани преку инструментот ИПА (ИПА Компонентите I, III и IV).
Проектот беше поврзан со ангажман на техничка помош (експертска помош) за вработените во ЦФЦД за ревидирање и оценка на нацрт тендерската документација доставена од институциите кои се крајни корисници на проектите и потоа доставени до ДЕУ на „ex-ante“ одобрување, и подобрување на анализата на квалитет со цел зголемување на апсорпцијата на ИПА фондовите.
Втората компонента на овој проект беше поддршка на вработените во ЦФЦД за подобрување на функциите на процесот на верификација на трошоци.