Договорот за градежни работи “Реконструкција на автопатска делница Велес – Катланово, како дел од Коридор 10” е финансиран преку ИПА Компонента 3 – Регионален развој.
Крајната цел на овој проект е да ја подобри патната инфраструктура долж југо-источната Европска корегионална мрежа во рамките на Коридор 10. Намерата на проектот е да ја реконструира автопатската делница од Велес до Катланово како дел од Коридорот 10, во должина од 23,5 километри.
Специфичната намера на договорот е да обезбеди навремена и квалитетна реконструкција на автопатската делница од Велес до Катланово.
Целосниот износ на проекто е 5.674.232,87 евра.
Гореспоменатиот проект е имплементиран од Strabag AG, Австрија.
Институции корисници се Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт и врски.