Events

Информативен настан за Повик за доставување на апликации: „Одржливо граѓанско општество“ EuropeAid/136000/ID/ACT/MK во Штип


Подробности за настанот

  • Date:

Секторот за централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии и Одделението за соработка со невладиниот сектор во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, организираат информативен настан во врска со Повикот за доставување на апликации за проектот „Одржливо граѓанско општество“ EuropeAid/136000/ID/ACT/MK финансиран од Европската Унија, под Инструментот за претпристапна помош (IPA), Компонента 1 за Помош при транзиција и градење на институциите, во Штип. Настанот ќе се одржи на 17.07.2014 год. со почеток во 11 часот во салата за состаноци на Советот на општината Штип, ул. Васил Главинов бр.4б, Штип.

Timetable for Information Events for the Call

 

Информативен настан за Повик за доставување на апликации: „Одржливо граѓанско општество“ EuropeAid/136000/ID/ACT/MK во Скопје


Подробности за настанот

  • Date:

Секторот за централно финансирање и склучување на договори при Министерството за финансии и Одделението за соработка со невладиниот сектор во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, организираат информативен настан во врска со Повикот за доставување на апликации за проектот „Одржливо граѓанско општество“ EuropeAid/136000/ID/ACT/MK финансиран од Европската Унија, под Инструментот за претпристапна помош (IPA), Компонента 1 за Помош при транзиција и градење на институциите, во Скопје. Настанот ќе се одржи на 18.07.2014 год. со почеток во 11 часот во ЕУ  Инфо Центарот, Св. Кирил и Методиј, бр. 52б, Скопје.

Timetable for Information Events for the Call

Официјално отворање на проектот финансиран преку ИПА ,, Градење на ефективна и демократска локална власт“ Реф.Бр.EuropeAid/ /132790/D/SER/MK


Подробности за настанот

  • Date:

Министерството за локална самоуправа (како Корисник ) и Ecorys Nederland BV (како Изведувач) ќе го одбележат отворањето на проектот ,,Градење на ефективна и демократска локална власт“ со Реф.Бр.EuropeAid/132790/D/SER/MK при што ќе бидат претставени резултатите кои треба да се остварат со проектот.

Отворањето на проектот ќе се одржи на 17.09.2014 во 11:00 часот во ЕУ Инфо Центар, Делегација на Европската унија.

Тркалезна маса на тема „Девет месеци примена на новиот Закон за кривична постапка“ во рамките на проектот „Поддршка во спроведувањето на реформата на кривично-правниот систем“ Реф.Бр. EuropeAid/127054/C/SER/multi


Подробности за настанот

  • Date:

Тркалезна маса на тема „Девет месеци примена на новиот Закон за кривична постапка“ во рамките на проектот „Поддршка во спроведувањето на реформата на кривично-правниот систем“ Реф.Бр. EuropeAid/127054/C/SER/multi ќе се одржи во Среда, 15.10.2014 од 9ч до 16ч во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители.

АГЕНДА

 

Свечен настан за затворање на ИПА проектите “Поддршка во управувањето на системите за Интегрирано тарифно опкружување (ИТО) на ЕУ во Република Македонија” EuropeAid/131366/D/SER/MK и на проектот “Развој на системите за Интегрирано тарифно опкружување (ИТО) на ЕУ во Република Македонија” EuropeAid/131365/D/SER/MK имплементирани во Царинска управа на Република Македонија


Подробности за настанот

  • Date:

Институцијата корисник на проектот, Царинска управа на Република Македонија (ЦУРМ) и Консултантите ФАА ГмбХ од Австрија и СИВЕКО-БУЛ од Романија во својство на изведувачи организираат заеднички завршен настан на проектите каде што ќе бидат претставени резултатите и постигнувањата на проектите.

Општата цел на двата проекти беше усогласеноста на барањата на ЕУ во врска со Заедницата на Интегрираната тарифна околина со цел Македонија да се доближи до пазарот на ЕУ и на Царинската унија.

Главната цел на проектот “Поддршка во управувањето на системите за Интегрирана тарифна околина (ИТО) на ЕУ во РМ” е зајакнувањето на оперативниот капацитет на Царинската управа во согласност со стандардите на ЕУ во јадрото Царина и во областа на оданочување на Царинските тарифи на Европската заедница со цел да се обезбеди целосна компатибилност и интероперабилност на царинските ИТ системи. Во текот на имплементација на проектот се спроведуваа многубројни обуки за вработените на ЦУРМ за употребата на ИТО системите со цел да се зголеми административниот капацитет во техничко познавање и администрација на компонентите на ИТО системите. Промени во законската регулатива, прописи и оперативни процедури беа направени и препораки за организација на тарифниот сектор беа дадени. Проектот исто така обезбеди проверка на квалитет и прифаќање на испораките продуцирани од проектот на СИВЕКО-БУЛ.

Главната цел на проектот “Развој на системите за Интегрирано тарифно опкружување на ЕУ во РМ” беше развојот на софтверот компатибилен со ЕУ и националните ИТЕ системи, примена на апликацијата за тарифи и деловното право на Царинската унија. Софтверот е дизајниран, прилагоден, развиен, имплементиран и технички компатибилен со националниот систем. Тука се вклучени и методологиите и процедурите за одржување на овој систем и автоматските алатки за да помогнат во процесот. Проектот обезбеди дека системот е консолидиран, тестиран, и е целосно оперативен, уверувајќи го одржувањето на ИТО системите и нејзиното ширење до Царинскиот персонал и трговската заедница. Во текот на овој процес, вработените во ЦУРМ беа обучени во врска со управувањето/одржувањето на софтверски апликации на ИТО системите.

Завршниот настан на двата проекти ќе се одржи во ресторанот “Воденица” Скопје, во вторник, 21 октомври 2014 година, во 11:00 часот.

Почетен настан на ЕУ – финансиран проект “Промовирање на социјален дијалог”


Подробности за настанот

  • Date:

Почетен настан на ЕУ – финансиран проектот “Промовирање на социјален дијалог”

Во Среда на 22 Октомври, 2014 година, со почеток во 10:15 часот во хотелот Холидеј Ин, Скопје ќе се одржи промотивен настан со кој ќе се одбележи почетокот на проектот “Промовирање на социјален дијалог”. Овој проект е финансиран од Инструментот за претпристапна помош (ИПА), Компонента IV “Развој на човечките ресурси 2007-2013″. Времетраењето на проектот е 24 месеци, почнувајќи од октомври 2014 година и завршувајќи во октомври 2016 година. Вредноста на договорот е 1.371.071 евра. Главни корисници на овој проект се Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Општата цел на проектот е да се прошири и да се зајакне трипартитниот и бипартитниот социјален дијалог како средство за постигнување на економски раст и општествениот напредок.

Зајакнување на инстутиционалниот капацитет на засегнатите страни на трипартитниот и бипартитниот социјален дијалог во однос на одржливоста, ефикасноста и функционалноста, со цел да се обезбеди сеопфатно учество на сите релевантни чинители, особено на социјалните партнери, во создавање, развој и имплементација на економските и социјалните политики;
Зајакнување на социјалното партнерство на ниво на индустрија / гранка / компанија, вклучувајќи координирано и ефективно колективно договарање;
Воспоставување на оперативниот механизам на мирно решавање на работните спорови и обуки на специјализирани посредници и арбитри за работните спорови.

Операцијата ќе се реализира преку три компоненти на следниве главни приоритетни прашања:

1. Зајакнување на трипартитниот социјален дијалог на национално и локално ниво;
2. Поттикнување на колективните договори и поставување на секторски колективни договорни инфраструктури;
3. Воспоставување оперативно мирно решавање на работните спорови.

Проектот е имплементиран преку директен грант на Меѓународната организација на трудот.

Агенда

ЗАВРШЕН НАСТАН на Твининг Лајт Проектот финансиран од ЕУ „Поддршка на мониторинг и контрола на операции финансирани од ОП РЧР“


Подробности за настанот

  • Date:

Севкупната цел на проектот, кој вреди 250.000 €, беше да се постигне ефикасно и солидно управување и спроведување на ОП РЧР („повеќегодишна Оперативна програма за Развој на човечки ресурси“ 2007-2013) во рамките на системот за децентрализираното управување, а во согласност со ИПА регулативата и Финансиската спогодба за ОП РЧР 2007-2013.

Проектот започна во март 2014 г. и во изминатите 8 месеци проектот го спроведуваа твининг партнерите – партнер од Земја членка на ЕУ од Литванија и ИПА Оперативна структура на институциите на Земјата корисник – Секторот за централно финансирање и склучување на договори на Министерството за финансии, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука.

Проектот помогна да се зголеми капацитетот на институционалната поставеност за вршење на мониторинг на проектно и програмско ниво и да се зајакне капацитетот на Оперативната структура за вршење мониторинг и контрола на проекти финансирани од ОП РЧР, во согласност со законите и најдобрите практики на ЕУ.

Од почнувањето на проектот беа постигнати бројни значајни резултати во заемната соработка на партнерот од Земјата членка на ЕУ и институциите на Земјата корисник. Направени се ревизии и тоа на Оперативната спогодба за компонентата за РЧР и на Прирачникот за интерни процедури на ИПА Координаторот, а беа спроведени и низа обуки, работилници и семинари за различни аспекти на мониторинг и контрола на проекти, се изврши ревизија на функциите на Оперативната структура, беше изработено Упатството за корисниците на грантови, беа подготвени препораки за примена на начелата и методологијата на Системот на Европската комисија за мониторинг насочен кон резултати, и беа спроведени и други активности предвидени со проектот.

Завршниот настан, закажан за 11 ноември 2014 г. (вторник), од 10:00 до 13:00 ч. ќе се одржи во просториите на ЕУ Инфоцентар, на адреса Св. Кирил и Методиј 52Б, 1000 Скопје. Работен јазик на настанот ќе биде англиски, но ќе биде обезбедено симултано толкување.

Final Agenda Closing Event MK

Завршна конференција на проект финансиран од ЕУ – Органско земјоделско производство и заштита на квалитетот на земјоделските производи


Подробности за настанот

  • Date:

Во Понеделник, 17ти Ноември 2014, почнувајќи од 11:00 часот во ЕУ Инфо центарот ќе се одржи завршна конференција како резултат на успешното спроведување на Твининг договорот “Органско земјоделско производство и заштита на квалитетот на земјоделските производи”. Овој проект е финансиран од Инструментот за предпристапна помош (ИПА), Компонента 1 – “Помош при транзиција и градење на институциите”. Проектот траеше 19 месеци, почнувајќи од Април 2013 до Ноември 2014. Вредноста на договорот изнесува 690.000 евра. Главен корисник од овој проект беше Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Главна цел на овој на овој проект е да ги зајакне националните и регионалните способности што се барани при справување со приоритетите за членство во ЕУ и пазарно ориентирани реформи, како и развој на секторот во областа на производство на органско земјоделско производство и заштита на квалитет во согласност со законодавството на ЕУ.

Agenda

Завршна работилница на проектот финансиран од Европската Унија „Развој на план за воспоставување на Македонски национален информативен систем за животна средина”


Подробности за настанот

  • Date:
  • Категории:

Завршната работилница на проектот финансиран од Европската Унија „ Развој на план за воспоставување на Македонски национален информативен систем за животна средина” со број 10-39291/1 ќе се одржи на 19.11.2014 (среда) со почеток во 09:00 часот во ЕУ Инфо Центарот- Делегација на Европската Унија во Скопје, ул. ”Св. Кирил и Методиј” бр.52.

Агенда – Финална конференција

Посетата на локацијата каде во тек се градежни активности околу реализацијата на проектот „Реконструкција и проширување на канализационата мрежа во Прилеп„


Подробности за настанот

  • Date:
  • Категории:

Агенда – Прилеп